Заев најави безбедна изборна кампања без митинзи

Скопје, 19 јуни 2020 (МИА) – Во услови на глобална пандемија на коронавирусот ќе одржиме безбедна кампања и 100 проценти безбедно гласање на 15 јули, објави денеска претседателот на СДСМ Зоран Заев на својот профил на социјалната мрежа Facebook.

Тој најавува дека нивната кампања ќе биде без митинзи и големи собири, а сите потенцијално ризични настани ќе бидат заменети со нови алтернативни начини на кампања.

Ја повикува опозициската ВМРО-ДПМНЕ да престане, како што наведува, со опасните предизборни активности, со организирање средби на кои не се почитуваат мерките и се загрозува здравјето на граѓаните.

Сите настани, потенцира Заев, ќе се одвиваат со строго почитување на протоколите за организација на јавни настани.

-Ги повикуваме сите учесници на парламентарните избори да ги прифатат протоколите за заштита на здравјето, а ВМРО-ДПМНЕ итно да престане со опасните предизборни активности, со организирање средби на кои не се почитуваат мерките и се загрозува здравјето на граѓаните. Чувајте го здравјето и на 15 јули ќе победиме и ќе ја пребродиме оваа криза заедно, единствени и сплотени, порачува Заев во објавата на Facebook.

 

реклама

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Македонија

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Read more

Димитриевски: Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам

Read more

Ахмети: Албанците не го оспоруваат идентитетот на Македонците

Read more
 

Вести

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Читај повеќе

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Читај повеќе
  • play_arrow

Димитриевски: Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам

Читај повеќе

Ахмети: Албанците не го оспоруваат идентитетот на Македонците

Читај повеќе

Велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Охрид

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради денот на полицијата

Читај повеќе

Снопче ги праша ДУИ: Со која партија ќе формирате влада и зошто не го поддржувате Пендаровски во вториот круг?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500.000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Читај повеќе

СДСМ: Граѓаните масовно да излезат на изборите на 8 ми мај, се одлучува за иднината

Читај повеќе