Заев: За одлагање на пописот очекувам поддршка од сите партии

Верувам дека сите одговорно ќе се однесуваме и ќе изнајдеме решение за поддршка на измените на Законот на попис од страна на сите политички партии, изјави денеска премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање околу најавената блокада од Алијансата за Албанците и Алтернатива, кои соопштија дека не поддржуваат одложување на пописот.

– Законот за попис како што беше предложен во Собранието, така се предложени и измените, со европско знаме. Роковите се јасни. Но, секако очекувам да изнајдеме решение за поддршка на оваа проблематика од страна на сите политички партии, истакна Заев.

Премиерот посочи дека нема никаква причина за блокада од страна на Алијансата за Албанците и Алтернатива и истакна дека кога се носеше Законот, токму овие партии предлагале самиот попис да се одложи од април за јуни.

Заев појасни дека утре ќе разговараат и верува дека ќе се изнајде решение, посочувајќи дека сите треба да стојат позади ваква сложена и важна статистичка операција.

– Значи тие побараа токму за слични или исти причини да биде одложен пописот. Утре ќе разговараме за оваа работа и верувам дека ќе изнајдеме решение, секако не само заради тоа што треба сите да стоиме позади вака сложена и многу важна статистичка операција која што е насушно потребна за креирање на сите политики во иднина во државата, зборувам за економски, образовни, здравствени културолошки и секаков вид на политики, кои што се базираат на податоци. Ние имаме навистина стари податоци кои се постари од дури 20 години, рече премиерот во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција.

Тој додаде дека иако средбата за утре е закажана за Законот за државјанствата и проблемите што нашите граѓани ги имаат со државјанствата, доколку има потреба ќе се разговара и за пописот, сѐ со цел конечно да се усогласат сите ставови.

– Иако средбата за утре е закажана за Законот за државјанствата како иницијатива отворена од Алијанса на Албанците и Алтернатива, верувам сите таму координатори ќе седнеме и ќе изнајдеме начин на ова прашање, а ако има потреба да се разговара за пописот, јас ќе разговарам сѐ со конечна цел да изнајдеме сите усогласени ставови, да застанеме зад пописот, за тоа што впрочем до сега сме го кажале сите вклучително и Алијанса за Албанците и Алтернатива, како и СДСМ, и многу други политички партии, зошто е важно да ја имаме успешно спроведено оваа статистичка важна операција за државата и народот, рече Заев.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Македонија

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Read more

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Read more

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Read more
 

Вести

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Читај повеќе

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Читај повеќе

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Читај повеќе

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Читај повеќе

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Читај повеќе

Променливо време со температури до 23°C, затоплување од понеделник

Читај повеќе

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Читај повеќе