Заев за Politico: Ако ЕУ не ги исполни ветувањата, ќе отвори повеќе простор за другите сили во регионот

Фрустрациите околу блокадата на разговорите за членство и испораката на вакцини дава шанса на Кина и Русија, вели премиерот Зоран Заев во интервју за магазинот Politico, предупредувајќи ја ЕУ дека ќе добие удар врз репутацијата на Балканот и ќе загуби повеќе простор пред ривалските сили доколку не започне преговори со Северна Македонија и Албанија.

Заев, во интервјуто направено во рамки на неговата минатонеделна посета на Атина, вели дека неуспехот да се започнат преговорите ќе влијае не само на Северна Македонија и Албанија, туку и на поширокиот регион на Западен Балкан. Ако ЕУ не ги исполнува своите ветувања во регионот, тоа исто така ќе биде и помал поттик за Косово и Србија да најдат решение во спонзорираните од ЕУ разговори и ќе направи да биде помалку веројатно Босна и Херцеговина да ги спроведе потребните реформи.

Доколку патот на регионот кон ЕУ забави, тоа според Заев, ќе отвори повеќе простор за другите сили, особено за Русија и Кина.

Заев, исто така, ја отфрла и идејата на еврокомесарот Оливер Вархеји за раздвојување на Албанија и Северна Македонија за почеток на преговорите.

– Има јасна порака против одвојувањето и се надевам дека Бугарија ќе биде разумна, вели Заев за Politico.

Во интервјуто, Заев проблемот го опишува како „несуштински“ и изразува оптимизам дека може да се најде решение за спорот со Бугарија.

Тој се надева на помош од западните сили, вклучително американскиот претседател Џо Бајден.

Доколку нема напредок, предупредува Заев, процесот на проширување ќе биде замрзнат најмалку уште година и половина, поради изборите во Бугарија, Германија и Франција.

– Толку многу жртви и после тоа ЕУ да не испорача. Тоа е проблем. Покажавме повеќе европски вредности и манири од ЕУ, истакнува Заев.

Во однос на вакцините, вели дека неговата Влада платила политичка цена за довербата во солидарноста на ЕУ.

Наспроти сите неуспеси во последниот период, Заев е оптимист дека ЕУ брзо може да ја поврати довербата, со брзо отворање на разговорите за членство.

реклама
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Македонија

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Read more

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Read more

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Read more

Времето денеска сончево и потопло

Read more
 

Вести

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе

Православните верници го слават Велигден

Читај повеќе

Времето денеска сончево и потопло

Читај повеќе

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе