Захарова до Белата куќа: Дали сте сигурни дека тоа беше ИСИС, нема ли да се предомислите подоцна?

Макфакс
/ 25.03.2024 / 10:21

По нападот на концертната сала во предградието на Москва, САД се обидуваат да ја спасат Украина со спомнување на терористичката група Исламска Држава (ИСИС), забранета во Русија, и да се покријат себеси и режимот што го создаде Зеленски, напиша портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, во авторска статија за Комсомольская правда.

„Американските политички инженери се вратија во ќош со своите приказни дека нападот врз „Crocus City Hall“ го извршила терористичката група ИСИС. Оттука, Вашингтон со секојдневни се обидува да се покрие себеси и режимот на Зеленски со тероризирање со ИСИС“, посочи таа.

Според Захарова, постојат низа фактори кои директно и индиректно укажуваат на вмешаност на американските власти во спонзорирањето на украинскиот тероризам.

„Милијарди долари и невидено количество оружје, инвестирано без одговорност и со употреба на корупциски шеми во режимот во Киев, агресивна реторика во однос на Русија, бесен национализам, забрана за мировни преговори за Украина, бескрајни повици за решавање на конфликтот со сила, одбивањето да се осудат повеќегодишните терористички напади, кои ги изврши режимот во Киев, и масовна информативна и политичка поддршка за секоја, дури и најгрозоморното делување на Зеленски“, рече таа.

Таа тврди дека претходните интервенции на САД во прашањата на Блискиот Исток доведоа до појава, зајакнување и институционализирање на голем број радикални и терористички групи кои и денес се активни во регионот.

„Која е логиката, можеби ќе прашате? Пари и моќ. А, со оглед на меѓународната правна забрана за директни интервенции, станува збор и за сеење 'контролиран хаос' и преобликување на светскиот поредок од рацете на терористите. Внимание, прашање за Белата куќа: Дали сте сигурни дека тоа беше ИСИС, нема ли да се предомислите подоцна?“, заклучи таа.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Свет

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Read more

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more
 

Вести

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Читај повеќе

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Читај повеќе

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Читај повеќе

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Читај повеќе

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Читај повеќе

Променливо време со температури до 23°C, затоплување од понеделник

Читај повеќе

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Читај повеќе