Закупени 70-80% од капацитети во Охрид за празниците

Околу 70-80% од туристичките капацитети во Охрид се веќе закупени за претстојните велигденски и првомајски празници, рече денеска директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) Љупчо Јаневски.

Јаневски на прес-конференција соопшти дека се потпишуваат и аранжманите за летото.

– Се надеваме дека со иницијативата „Отворен Балкан“ ќе ја воведеме долгоочекуваната авиолинија Белград-Охрид, а догодина ќе ја овозможиме и линијата Софија-Охрид и Охрид- Варна, истакна директорот, додавајќи дека за празниците во земјава се очекуваат и странски, не само туристи од регионот.

Според него, во 2022 се очекува зголемување за 20-30% на турските туристи, натамошен раст на српските гости, како и драстично зголемување за 100 или повеќе проценти на холандските туристи.

– Еден од холандските тур-оператори најави дека во јуни ќе има четири чартери, во јули и август се надева дека ќе воведе и петти чартер, односно 80-100 чартери во текот на сезоната што е одличен сигнал за другите дестинации и големите тур-оператори дека земјава е сигурна дестинација. Поголем број туристи очекувам и со рестартирање на WizzAir линиите, рече директорот.

Негова оценка е дека туристичката сорабокта со Бугарија ќе се интензивира, не само по воведувањето на авиолинијата, туку и поради намалување на мерките, подобрувањето на ковид-состојбата и поголемата политичка соработка.

– Се надеваме дека во 2022 бугарските туристи ќе бидат меѓу првите осум во земјава, подвлече Јаневски.

Тој уште еднаш кажа дека вложувањата во туристичката индустрија се многу важни, а моментно треба да се насочени пред се кон руралниот и еко туризмот.

– Уделот на туризмот во домашниот БДП е 3% за разлика од регионот каде што е 10-11%, посочи Јаневски.

Тагови
реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Македонија

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Read more

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Read more

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Read more

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Read more
 

Вести

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Читај повеќе

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Читај повеќе

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе