Залепен за фотелја: Како Путин се подготвува да владее вечно?

Деталите уште не се сосема јасни, но планот на Владимир Путин за уставни промени сигурно не е стратегија за повлекување од политиката и власта.

Каква игра води Путин? Рускиот претседател вчера ги изненади новинарите и експертите кои внимателно ја следат состојбата во Кремљ. Во неговото обраќање за состојбата на нацијата тој најави радикални промени во рускиот Устав и референдум за предложените (иако уште нејасни) услови. По оваа „бомба“ веднаш следеше уште една. Премиерот Дмитри медведев даде оставка заедно со целиот владин Кабинет, оставајќи превез на мистерија околу целата ситуација.

За да сфатиме што најверојатно се случува, да почнеме со едноставните факти. Во изминатите 20 години, режимот на Путин има убиено премногу луѓе и присвоено милијарди државни пари, па тешко дека тој доброволно ќе се откаже од власта и моќта. Согласно актуелниот Устав не може повторно да се кандидира за претседател откако ќе му истече мандатот во 2024 година, бидејќи не се доволени повеќе од два последователни мандата. Сите претпоставуваа дека ќе најде начин да ги изврти правилата за да остане алфа лидерот. И веќе работи на случајот. Првите два последователни претседателски мандата му траеја од 2000 до 2008 година. Потоа четири години беше премиер, додека Дмитри Медведев беше на функцијата претседател, но чисто церемонијално. Во 2012 година се врати на претседателската функција која само што беше освежена со нови, поголеми овластувања и моќи, а во 2018 доби и втор мандат на истата позиција. Остана енигма само на која позиција ќе скокне во 2024 година.

Тоа уште не е сосема јасно, но може да се претпостави. Едната опција е едноставна - Путин пак да биде премиер. Најдобар аргумент за тоа е неговата изјава за новото уредување на позицијата со кое премиерот ќе добие поголеми овластувања, вклучувајќи моќ да назначува членови на Кабинетот (кои потоа треба да бидат одобрени од Парламентот, кој е под контрола на Обединета Русија, партија која му е лојална на Путин), наместо како досега, да ги одбира претседателот. Друга, и поверојатна, опција е Путин да се обиде да ја задржи власта како човек на чело на бледо дефинираното, но моќно тело – Државниот совет. Путин во неговиот говор рече дека Советот ќе добие нови, поголеми овластувања со новите измени.

Реално, деталите не менуваат многу. Русија е диктатура маскирана како демократија. Успехот на Путин на избори главно се потпира на долгогодишниот стопански раст (кој сега стивнува и згаснува поради корупцијата, неконкурентноста и замирањето на нафтениот бум, како и санкциите од Запад поради анексирањето на Крим во 2014 година), како и на популарноста бидејќи со цврста рака ја презеде советската империја.

Но, не треба да се занемари и фактот дека ја контролира државната телевизија, ги замолчува и затвора популарните опозициски кандидати, ги поткупува кротките опозициски партии и ги апси и заплашува оние кои се покажуваат како помалку кротки.

Дали Путин ќе седи во фотелјата на премиерот, претседателот или шефот на Државниот совет не прави голема разлика, без разлика дали ја гледаме Русија како демократија или не. Ниту пак некој точно знае како ќе изгледа конечната форма на овие уставни измени. Путин може да си одлучи, како и многу деспоти пред него, со новите уставни измени да го прошири траењето на мандатите или да ги прогласи за неограничени без страв од реакција од светската јавност.

Порано, можеше да се очекува дека САД ќе реагираат, но тоа нема да се случи додека Доналд Трамп е претседател – повеќе од јасно е дека американскиот лидер му се восхитува на рускиот автократ. Ни ЕУ нема да направи многу додека Путин се лепи за фотелјата (кхм, престолот), заплашена дека подемот на Кина ќе расте и свесна дека зависи од природниот гас на Русија. За демократите и прогресивците ширум светот кои будно ја следат ситуацијата во Русија, единствена утеха им е дека дури и доживотните владетели не живеат вечно.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Свет

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Read more
 

Вести

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе