Запленети 4 тони апчиња и гел за потенција во вредност од 41,7 милиони денари ризични по здравјето на граѓаните

Спречена нелегална трговија на 4 тони апчиња и гел за орална употреба за потенција во вредност од 41,7 милиони денари ризични по здравјето на граѓаните, откако царински инспектори од Секторот за контрола и истраги при детален преглед на стоката утврдија дека фирмата која ja внела стоката во државата нема важечко решение за вршење промет на големо со лекови и медицински средства.

Воедно, стоката е лек кој не е регистриран во Регистарот на лекови што го води Агенцијата за лекови и медицински средства на Република Северна Македонија и е различно декларирана, извести Царинската управа.

„Поради постоење сомневање дека пријавениот сторил кривично дело за нелегална трговија, што е казниво по член 277 од Кривичниот законик, стоката е запленета, а против правното лице ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до Основно јавно обвинителство Скопје.

Запленети се 48 илјади кутии Орал Џели односно 100 мл гел за орална употреба Камагра, 10.530 ленти со 100 мг таблети Камагра и 7.000 кутии со 100 мг и 150 мг таблети Ценфорце.

Царинската управа го штити здравјето на граѓаните преку обезбедување сигурен и безбеден трговски синџир на лекови, спречувајќи трговија со лекови во државата коишто не се одобрени од Агенцијата за лекови“, се наведува во соопштението на Царинската управа.

Оттаму додаваат дека ќе продолжат да дејствуваат против нелегална трговија која претставува опасност за граѓаните.

„Притоа, работиме во тесна соработка со Агенцијата за лекови и медициски средства, како и со останатите гранични институции со цел зајакнување на граничната безбедност“, додаваат од Царинската управа.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Хроника

Над 150 пијани возачи затекна полицијата на 1 Мај

Read more

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

31-годишна скопјанка нападната во спортска обложувалница во Центар

Read more

Скопјанец пукал со воздушна пушка и ја погодил мачката на соседот, полицијата му го одзеде оружјето

Read more
 

Вести

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Читај повеќе

Левица: Државни пензионерски домови, линеарно покачување на пензиите

Читај повеќе

„Влен“: Влада и Бадентер да, но без ДУИ и Левица

Читај повеќе

Паѓаат приходите на Starbucks, дали бојкотот успева?

Читај повеќе

Празнично ретро шоу на олдтајмери во Крива Паланка

Читај повеќе

Во Швајцарија се водат мировни преговори за Украина, Русите не доаѓаат

Читај повеќе

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Читај повеќе

Екстремната десница во Австрија брутално расте, се спомнува „излегување од лудилото на ЕУ“

Читај повеќе

Договорен текстoт на резолуцијата за Сребреница

Читај повеќе