Започнете ја годината со нови здрави навики

Почетокот на секоја година е период кога обично рефлектираме на изминатите 365 дена и размислуваме како може да се подобриме во следните 365. Работата на себе започнува од исфрлањето на лошите навики и создавање на нови, подобри навики. Во пост-празничниот период е добро да започнете со промени во исхраната, а совршеното време за тоа е токму сега.

Секоја промена започнува со првиот чекор – колку и да се чини тој мал и незначителен. Затоа, ќе започнеме токму оттаму и ќе ви дадеме неколку идеи како да имате поздрава исхрана без притоа да го жртвувате задоволството кое ви го дава вкусот на храната.

Утрото е делот од денот кога најмногу треба да размислувате за храна која ќе ве одржи сити подолго време, а сепак е лесна, здрава и едноставна за подготовка.

Изберете Фит & Актив мусли, уникатна рецептура формулирана од врвни компоненти, кои се истакнуваат со својот богат нутритивен профил давајќи ви енергија за активен ден. Фит актив муслите претставуваат оригинална мешавина од житни снегулки (овесни, оризови и пченкарни), над 35% овошје (суво грозје, слива и кајсија) и семки од сончоглед, лен и тиква. Сувото овошје и целозрнестите житарки се богати со растителни влакна кои помагаат во забрзување на перисталтиката на храната и нејзината дигестија во дигестивниот ситем.

Дополнително, тие директно влијаат на  кардиоваскуларното здравје, го редуцираат „лошиот “ холестерол во крвта (LDL), го регулираат крвниот притисок, ја стабилизираат глукозата во крвта и ја регулираат телесната тежина.

Како да изберете здрава ужина?

Сепак, додека главните оброци се полесни за планирање, потешко е да се задржи дисциплината помеѓу нив – односно во моментите кога ви се јаде нешто вкусно што само ќе ве засити на кратко,  без да губите време да го подготвувате. Затоа, при првите знаци на глад наместо да се фатите за чоколадни бомбони или чипс, пробајте да ја совладате лошата навика и да ја замените со нова и поздрава.

Пробиотските колачиња се иновативна закуска која припаѓа на новата генерација на функционална ужина, која нуди додадена вредност за консумерот и неговиот внатрешен баланс. Овие колачиња содржат растителни влакна, кои помагаат при дигестија на храната и чувството на леснотија во организмот, како и 5 бактерии добри за желудникот. А најдоброто нешто околу нив? Тие не содржат додадени шеќери – што ги прави совршена секојдневна здрава ужина.

А доколку имате желба за нешто солено, тука се овесните крекери од Виталиа, вкусна, крцкава и здрава закуска на база на овес и семиња, со Хималајска сол. Одлична алтернатива на висококалоричните грицки кои содржат големо количество на заситени масти и сол. Овесните крекери се направени од 100% природни состојки и балансиран нутритивен состав.

Воспоставувањето и прифаќањето на здравите навики се одличен начин да се започне годината! Во периодот кој следува, дајте им шанса на советите кои ги прочитавте во овој текст и обидете се да создадете трајни и здрави навики кои ќе ви го направат животот подобар.

реклама

Ибра: Имам толку многу пари, а брат ми не успеав да го спасам

Read more

Како правилно се јаде јапонско јаболко?

Read more

Ретрограден Меркур им ги враќа бившите на 4 хороскопски знаци

Read more

НАЈДИ МЕ - Систем за рано предупредување за исчезнати деца во Македонија

Read more

Промо

Празници се ближат! Coca-Cola го најавува караванот што го прославува духот на Дедо Мраз во сите нас

Read more

10 години во Singular низ призмата на првите вработени во македонската канцеларија

Read more

Овие празници Coca-Cola го слават духот на Дедо Мраз во сите нас

Read more

Есенска „генералка“ – брзо, лесно и економично до блескав дом

Read more
 

Ново

Македонија наредната сезона нема да има тим во Лигата на шампиони на ЕХФ

Читај повеќе

Евтино, а вкусно: Макарони со компири и сланина

Читај повеќе

Зошто е важно да внесувате цинк и кои се најдобрите извори?

Читај повеќе

Пет загрижувачки начини на кои студеното време влијае на телото

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Најубавата собирачка на топчиња која го крсти детето по Рафаел Надал

Читај повеќе

Вечерва во Скандинавија почнува женскиот Мундијал

Читај повеќе

Вонредно коло кај прволигашите: Нов пораз за Вардар, Тиквеш убедлив

Читај повеќе

Германците објавија листа на најквалитетни половни автомобили за 2024 година

Читај повеќе

Ново правило во фудбалот: Се воведува портокалов картон, ќе го покажува четвртиот судија

Читај повеќе