Застрашувачки видеа од Грција: Невремето однесе автомобили во морето

Драматични снимки пристигнуваат од Грција, особено од областа Волос и Пилион, каде поради поплавата многу автомобили завршија во морето.

Забрането е движење со возила, освен итните служби и возилата за помош на пат, и ќе остане во сила додека не се смири невремето, соопшти полицијата.

Сепак, некои возила беа однесени во морето од поројните струи.

Драматичната снимка е објавена на социјалните мрежи.

Големи делови од градот Волос се под вода, куќи и продавници се поплавени, а патиштата се претворија во бесни реки.

Репортерот на државната телевизија ЕРТ рече дека во некои области водата достигнала висина од еден метар.

URL

Противпожарната служба добила десетици повици за испумпување на вода во Волос, Пелион и Неаполи. Критично е во близина на селото Агиос Јоанис.

Загриженоста е голема, бидејќи овој простор изгоре во јулските пожари.

URL

Властите исто така испратија предупредување преку мобилните телефони во неколку други области во Централна Грција, синџирот острови Споради и островот Евија, предупредувајќи ги луѓето да го ограничат движењето на отворено поради невремето.

Тагови
реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Регион

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Read more

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Read more

Избрана е новата Влада на Србија

Read more

Договорен текстoт на резолуцијата за Сребреница

Read more
 

Вести

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Читај повеќе

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Читај повеќе

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе