Застрелан осомничениот за убиство на двајца шведски навивачи во Брисел

Макфакс/Кајгана
/ 17.10.2023 / 09:44

Белгискиот DeMorgen пишува дека е потврдено дека во полициската акција утринава бил застрелан маж осомничен за убиство на двајца шведски навивачи синоќа.

Маж е застрелан во кафуле во бриселската општина Скарбек (на холански Схаарбеек), но според последните информации тој е реанимиран и е пренесен во локална болница.

Белгискиот RTL пишува дека здравствената состојба на застреланиот терорист е комплицирана и дека тој е „помеѓу живот и смрт“. Според информациите што ги добиле, тој веќе два пати имал инфаркт, но секој пат го реанимирале и го враќале во живот.

Според полициски извори, во престрелката утринава се повредени неколку лица, но сѐ уште нема јасни околности како дошло до пукањето.

URL

Оружјето употребено во вчерашниот напад било пронајдено покрај застреланиот.

Синоќа две лица загинаа, а едно е рането во пукање во Брисел, потврди утринава пред новинарите портпаролот на белгискиот сојузен обвинител.

Двајцата убиени синоќа биле шведски навивачи. Тие ги носеле дресовите на шведската фудбалска репрезентација која синоќа играше против Белгија во квалификацискиите за ЕУРО 2024, но натпреварот беше прекинат на полувремето поради нападот. А третиот ранет е шведски државјанин, а не таксист како што беше објавено претходно. Тој е во тешка состојба во болница.

„Одете дома и не излегувајте додека не се отстрани заканата“, изјави портпаролот Ерик ван Дујзе.

Тој рече дека нема докази дека сторителот на кој било начин е поврзан со ситуацијата во Израел и на Блискиот Исток.

Никол де Мур, државната секретарка за азил и миграција, рече дека осомничениот терорист кој го изврши масакрот е по потекло од Тунис и дека тој поднел барање за азил во Белгија во ноември 2019 година, што било одбиено.

Човекот, наводно, бил осуден во Тунис за обичајно дело, а не за тероризам, како што претходно објавија различни медиуми.

Како што објаснува таа, тоа барање било одбиено во октомври 2020 година, а набргу потоа исчезнал, за на 12 февруари 2021 година од општината Скарбек, каде што престојувал, да биде отстранет од националниот регистар.

Дополнителна отежителна околност е што никогаш не престојувал во прифатен центар, па не можел да биде лоциран ниту за принудно враќање.

„Во март 2021 година беше изготвен налог за депортација од Белгија, но бидејќи не можеа да го лоцираат, барањето никогаш не му беше доставено. Ништо конкретно не беше направено со тие информации бидејќи такви пријави тогаш имаше во изобилство“, рече министерот за правда.

Се претпоставува дека тој пристигнал во Белгија во 2016 година, кога полицијата утврдила дека сака да се врати и да се бори за џихад.

Медиумите потсетуваат дека напаѓачот кој го изврши терористичкиот напад во Брисел е државјанин на Тунис кој илегално престојувал во Белгија. Утринава беа објавени нови детали за него.

Абдесалем Ласуд (45) во понеделникот вечерта во центарот на Брисел уби двајца шведски државјани и рани уште едно лице.

„Лицето и е познато на полицијата по сомнителни дејствија, шверц на луѓе, нелегален престој и како закана за државната безбедност“, пишуваат белгиските медиуми.

По нападот тој објави видео во кое вели дека убиствата ги посветува на Алах.

URL
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Свет

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Read more

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Read more

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе