Затворени два угостителски објекта на новогодишната ноќ

Споредено со периодот од 21 до 27 декември, кога беа затворени 13 угостителски објекти, за повеќе од 60 проценти е намален бројот на угостителски објекти кои биле затворени во минатата недела, од 28 декември до 3 јануари.

Затворени се пет, а два од нив за време на новогодишната ноќ – еден во Струмица и еден во Битола. Државниот пазарен инспекторат ги спровел контролите во соработка со МВР.

Претседателката на Инспекцискиот совет Магдалена Грашкоска на прес-конференција соопшти дека во наведениот период (28 декември – 3 јануари), ДПИ извршил 4.652 контроли и 278 надзори поврзани со почитување на протоколите за работа на угостителските објекти и со законите по кои постапува овој инспекторат.

-Изречени биле 35 прекршочни пријави, 24 решенија за констатирани неправилнсти и 16 прекршочни платни налози. Од 24-те решенија, пет се донесени за непочитување на Законот за заштита на населението од заразни болести и протоколот за работа на угостителските објекти – по два во Битола и Тетово и за еден во Струмица, каде што не се почитувало работното време и ограничувањето за четири лица на една маса. Во сите случаи е изречена забрана за вршење дејност, тие се затворени за работа на самото место и дополнително се изречени соодветни прекршочни платни налози, рече Грашкоска.

Директорот на ДПИ Стојко Пауновски во одговор на новинарско прашање соопшти дека двата  угосителски објекта во Битола се затворени – едниот, на 3 јануари,  поради пречекорување на работното време по 18 часот, и ќе биде затворен десет дена.

Другиот објект е казнет 30 работни дена зашто во него на новогодишната ноќ имало забава со многу повеќе луѓе отколку што би собирал во нормални услови. Согласно Закон за прекршоци, ќе биде изречена и глоба.

Пауновски во одговор на новинарско прашање рече дека очекува оваа година Инспекторатот да има нови вработувања зашто според договорот со Владата и во рамки на дозволениот буџет за плати, ќе вработат инспектори на местото на тие што се пензионираат.

-Нашето барање беше околу 20 луѓе да примиме во 2020 и 2021. За оваа година имаме најавени 32-33 пензионирања, што значи бројката од 20 нови примања ќе ја спроведеме. Дел од кусокот на вработени инспектори во ДПИ во овој период го пополнивме со преземање други административни службеници, рече Пауновски во одговор на новинарско прашање на прес-конференцијата на Инспекцискиот совет.

Remote video URL
Инспекциските служби извршиле 5.718 надзори и контроли од 28 декември до 3 јануари

Седум инспекциски служби од 28 декември до 3 јануари извршиле вкупно 5.718 надзори и контроли. Информирајќи одделно по инспекторати, претседателката на Инспекциски совет Магдалена Грашкоска на прес-конференција соопшти дека во наведениот период Државниот здравствен и санитарен инспекторат извршил 74 надозори врз чија основа изрекол шест решенија.

ДЗСИ во овој период издал и 4.576 решенија за самоизолација за лица со коронавирус и за лица кои биле во контакт со заразени, што е 20 отсто помалку од претходната седмица (20 до 27 декември) кога биле издадени 6.576 решенија.

Државниот пазарен инспекторат  (ДПИ) извршил 4.652 контроли и 278 надзори поврзани со почитување на протоколите за работа на угостителските објекти и со законите по кои постапува. Споредено со периодот од 21 до 27 декември, кога беа затворени 13 угостителски објекти, за повеќе од 60 проценти е намален бројот на угостителски објекти кои биле затворени од 28 декември до 3 јануари.

-Изречени биле 35 прекршочни пријави, 24 решенија за констатирани неправилнсти и 16 прекршочни платни налози. Од 24-те решенија, пет се донесени за непочитување на Законот за заштита на населението од заразни болести и протоколот за работа на угостителските објекти – по два во Битола и Тетово и за еден во Струмица, каде што не се почитувало работното време и ограничувањето за четири лица на една маса. Во сите случаи е изречена забрана за вршење дејност, тие се затворени за работа на самото место и дополнително се изречени соодветни прекршочни платни налози, рече Грашкоска.

Инспекторатот за транспорт извршил 29 надзори, за непочитување на материјалните закони се изречени една прекршочна пријава и еден прекршочен платен налог. Во однос на Законот за заштита на населението од заразни болести, минатата недела овој Инспекторат не констатирал прекршувања односно непочитување на протоколите за превоз на патници.

Инспекторатот за труд извршил 440 надзори во правни субјекти во целата држава и изрекол 17 решенија и еден прекршочен платен налог. Трудовите инспектори во овој период не констатирале неправилности по Законот за заштита на населението од заразни болести и протколот за превентивни мерки на сите работни места.

Агенцијата за лекови, пак, имала 11 надзори во аптеки и веледрогерии при што не се констатирани неправилности, а Агенцијата за храна на ветеринарство  извршила 207 надзори, при што се издадени пет решенија, 14 едукации и еден прекршочен платен налог по основ на нерегистриран оператор и неизвршени здравствени прегледи и неправилно складирање, чување и означување производ.

Државниот инспекторат за животна средина од 28 декември до 3 јануари извршил 27 надзори и за неправилности од областа на животната средина се изречени две решенија со задолжување да се подобри работата на правните субјекти.

Претседателката на Инспекцискиот совет Филиповска-Грашкоска очекува и за претстојните празници, Бадник и Божик, граѓаните и стопанствениците да бидат совесни и, како и за новогодишната ноќ која поминала мирно и безбедно, да ги почитуваат мерките за заштита од COVID-19 и здравствените протоколи, најавувајќи дека инспекторите ќе прават интензивни контроли и надзори на терен.

Тагови
реклама

Македонија

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Read more

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Read more

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Read more

Османи победи во Торонто

Read more
 

Вести

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе