Заврши 13. МакеДокс, следува втората етапа на Патувачкото кино

Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ вообичаено почнува со високо подигнат кромид во рацете на фестивалската екипа и волонтерите, а завршува со голема забава на организаторите и волонтерите, на авторите на документарни филмови и на публиката во Куршумли-ан.

Во своето 13-то издание фестивалот „МакеДокс“ почна на 18 и заврши на 25 август. Во текот на осумдневното „лупење идеи“ беа прикажани 71 документарен филм во сите категории, дојдоа 83 гости од странство, се одржаа неколку сесии „Разговори под смоквата“ и многу Q/A разговори на филмските автори со публиката.

Посебно задоволство беше да се слуша мастеркласот на почесната гостинка Хелена Тшештикова, како и да се види фокусот на чешката документаристика. Данскиот консултант за документарни филмови, Туе Стен Милер, задоволно „триеше раце“ по одржувањето на работилницата за развој на идеи.

Во филмскиот сегмент беа доделени пет награди и четири специјални признанија, додека во индустрискиот дел се одржа четвртото издание на МакеКоПроДокс форумот. Меѓу 11-те проекти што учествуваа на форумот беа доделени награди на проекти во развој. Проектите „I Have Never Been On An Airplane“ од Косово, „Prespes Symphony“ од Грција и „The 50TH and 1/2 State“ од Косово добија награда од мрежата „Doc Around Europe“, проектот „Hold Still“ (Турција, Франција) доби награда од Документарната асоцијација на Европа, додека наградата „Pitch the Doc“ ја добија проектите „The 50TH and 1/2 State“ (Косово) и „Punk Under Communist Regime“, копродукција помеѓу Словенија, Хрватска и Србија.

Remote video URL

Тринаесеттото издание на „МакеДокс“ беше поддржано од Агенцијата за филм на Северна Македонија, Програмата МЕДИА на „Креативна Европа“, Националната фондација за демократија од Вашингтон, Институтот „Јунус Емре“ - Скопје, Чешката Амбасада во Скопје, Чешкиот културен цeнтар во Софија, Сивус Скопје - Групација „Арикома“, Грчкиот културен центар, МЕДИА деск МК, Музеј на РСМ, Археолошки музеј, Музеј на современата уметност, такси „Глобал“.

Следни активности на „МакеДокс“ се втората етапа на Патувачкото кино, кое ќе се одржи од 12 до 19 септември во Преспанскиот регион, а поддржувачи се Агенцијата за филм на РСМ и Националната фондација за демократија од Вашингтон.

Во текот на септември екипата на „МакеДокс“ ќе работи на нови прирачници за користење на документарниот филм во училиштата. Во декември ќе почне и програмата „Зимски МакеДокс“, со која онлајн ќе бидат прикажани победниците на фестивалите на четири основачи на документарната мрежа „Doc Around Europe“.

Медиумски покровители на 13. „МакеДокс“ се: Слободен печат, Нова Македонија, МТВ – Прв програмски сервис, МКД.мк, УМНО, СДК.мк (Сакам да кажам.мк), Плус Инфо, Окно, Офф.нет, Е-магазин, Лице в лице, Радио МОФ, Радио Џез ФМ, Радио Канал 103, Радио Антена5, Радио Бубамара, Лајф Радио, Его, Поп-ап, Види Вака, Гледај.мк, Кајгана Медиа и Еспресо.мк.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Култура

Празнично ретро шоу на олдтајмери во Крива Паланка

Read more

Вердиевата спектакуларна опера Трубадур на 11 мај на Мајските оперски вечери

Read more

Изложба: Четирите мајстори на модернизмот

Read more

Распишани конкурсите за државните награди „11 Oктомври“ и „22 Ноември“

Read more
 

Вести

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе