Заврши воената парада во Москва, еве како се одвиваше

Б.С.Б.
/ 09.05.2022 / 13:22

На Црвениот плоштад во Москва денес се одржа голема воена парада по повод 77-годишнатата од победата на Советскиот Сојуз над нацистичка Германија, како и прослава на Денот на победата над фашизмот.

Иако овој настан се одржува секоја година во Руската Федерација, годинешната церемонија беше во фокусот на светската јавност поради односот меѓу Запад и Русија, како и војната во Украина.

Парадата започна со марш со знамето на Русија, знамето на победата кое во Берлин го подигнаа советските војници во 1945 година. Војниците традиционално на почетокот беа поздравени од министерот за одбрана Сергеј Шојгу, а по воведниот дел пред присутните се обрати и рускиот претседател Владимир Путин кој се осврна на успесите на советската војска во Втората светска војна и ги спореди активностите кои руската војска ги врши денес на подрачјето на Украина.

По говорот на Путин следеше продолжение на церемонијата на Црвениот плоштад во Москва, каде продефилираа бројни единици на руската војска.

На парадата учествуваа 11.000 војници од сите делови и воени окрузи на Руската Федерација, пренесе RT. 

Во текот на дефилето беа претставени и оклопни возила, како и ракетен систем Искандер, ракетен систем Торнадо-Г, како и ракетни системи земја-воздух Тор-М2, С-400 и интерконтиненталната балистичка ракета Yars.

Поради лошите временски прилики, оваа година од Кремљ соопштија дека нема да бидат прикажани борбените авиони и хеликоптери. На церемонијата свој перформанс  требаше да има и така наречениот авион „Судниот ден“, наменет за носење руско вооружување во случај на нуклеарна војна, но тоа не се случи.

На завршниот дел од церемонијата Путин заедно со Шојгу положи цвеќе на Гробот на непознатиот војник со што заврши парадата на победата во Москва.

Remote video URL
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Свет

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Read more

САД воведоа нови санкции кон Русија

Read more

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе