Путин на Парадата на победата: Конфликтот со неонацистите во Украина беше неизбежен

Б.С.Б.
/ 09.05.2022 / 11:43

Претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, одржа говор на Парадата на победата во Москва, по повод прослава на 77-годишнината од победата на Црвената армија во Втората светска војна, како и  Денот на победата над фашизмот.

Говорот, кој светот долго го чекаше, започна со честитка кон сите војници кои се бореле во Втората светска војна, а и кон оние кои денес се борат во Украина.

„Ве поздравувам и ви го честитам денот на големата победа, денот кога се одлучувала судбината на нашата татковина. Се боревме со непријателот и кај Киев, Севастопол. Така и вие сега се борите за нашите луѓе во Донбас, нашите луѓе во Русија. Деветти мај е запишан како триумф на советскиот народ, неговата духовна моќ, единството, храброста на фронтот. Денот на победата е близок на сите нас. Во Русија не постои семејство кое немало жртви во Втората светска војна“, изјави Путин.

Порача дека Русија секогаш се залагала никогаш повеќе да не се случи глобална војна.

„Без оглед на несогласувањата, Русија отсекогаш настапувала за систем на неделива сигурност која е потребна на сите учесници во меѓународните заедници. Сега се трудевме да најдеме компромис, но залудно. НАТО не сакаше да ги слушне нашите интереси бидејќи имаа други планови и сега тоа и го гледаме. Отворено се подготвуваа за крвничка операција на Донбас, на Крим зборуваа за создавање нуклеарно оружје и создаваа егзистенцијална закана на нашите граници. Сето тоа говореше дека конфликтот со неонацистите е неизбежен“, порача рускиот претседател.

Тој се осврна и на однесувањето на САД:

„По распадот на СССР, САД почнаа да зборуваат за исклучивост, понижувајќи го не само светот туку и нивните сателити кои мораат покорно да слушаат. Ние сме поинаква земја и никогаш нема да се откажеме од љубовта кон татковината, верата, традиционалните обичаи и почитта кон сите народи и култури. Сакам да знаете дека се гордееме и со американските ветерани и нивната улога во Втората светска војна, ги почитуваме сите сојузнички војски“, истакна Путин.

Меѓу останатото, Путин се осврна и на војниците кои се во Украина.

„Денес, војниците на Донбас со руска војска војуваат за својата земја каде се положени животите на херои. Сега ним им се обраќам. Денес се поклонуваме во чест на сите оние кои загинаа во Втората светска војна, сите синови, ќерки, жени, браќа, сестри, им се поклонуваме со паметење на мачениците во Одеса кои беа запалени во Домот на културата. Загубата на секој наш војник е голема трагедија за нас и голема болка за најблиските. Ќе направиме што можеме за да им помогнеме на семејствата. Особено ќе им дадеме поддршка на децата на загинатите војници. Им посакувам брзо закрепнување на војниците и им благодарам на сите доктори кои работат на нивното закрепнување“, изјави Путин.

На крај од обраќањето, Путин изјави дека многумина се обиделе ја да поделат Русија, но тоа не им успеало.

„Се сеќаваме како непријателите на Русија се обидоа да посеат религиозна нетрпеливост. Ништо не им појде од рака. Нашите војници заедно во борба се покриваат и штитат едни со други како браќа. Тоа е непоколебливата сила на нашиот мултиетнички народ. Тие кои го победија нацизмот во Втората светска војна покажаа пример на храброст на сите генерации. Секогаш ќе им се поклонуваме. Слава на Русија, за победа“, заклучи Путин во говорот.

Remote video URL
реклама

Ужина за здрави црева, по препорака на гастроентеролог

Read more

Кардиолозите открија која риба е одлична за срцето

Read more

Шоферска дилема: Колку често треба да се менува филтерот за воздух?

Read more

Храна што треба да ја јадеме често против лош холестерол

Read more

Свет

Русија става во функција нов елемент на нуклеарниот арсенал

Read more

ЕУ ги заострува правилата за мигрантите

Read more

Франција: Напаѓачи убија двајца полицајци и побегнаа со затвореник

Read more

САД ѝ наметнаа тешки царини на Кина

Read more
 

Вести

Русија става во функција нов елемент на нуклеарниот арсенал

Читај повеќе

ЕУ ги заострува правилата за мигрантите

Читај повеќе

Франција: Напаѓачи убија двајца полицајци и побегнаа со затвореник

Читај повеќе

САД ѝ наметнаа тешки царини на Кина

Читај повеќе

МВР со детали за двојното убиство во Стајковци

Читај повеќе

На Токсикологија разрешен Петровски, но не и Илјази, од која се жалеа вработените

Читај повеќе

Јакимовски обвини дека им се украдени повеќе од 600 гласа

Читај повеќе

Лога: Ако играат чесно, ВМРО-ДПМНЕ нека го вратат уставното име

Читај повеќе

Kонтроверзниот закон за странски агенти помина во грузискиот парламент

Читај повеќе