Завршија летните трансфери: Кои договори привлекоа најмногу внимание?

Летниот преоден рок е затворен за сите земји од петте лиги и во наредните денови ќе бидат дозволени трансфери само за оние играчи кои не се договорно врзани за ниту еден клуб.

Во изминатите два месеци бевме сведоци на многу интересни случувања и шпекулации во странскиот фудбал.

Во однос на најскапите трансфери, на топ листата очекувано доминираа англиските и шпанските гиганти. Челси е единствениот клуб со две засилувања во десетте најскапи трансфери ова лето, а тоа се доаѓањата на Весли Фофана и Марко Кукурела, кои ја засилија одбраната на лондонскиот клуб за вкупно повеќе од 140 милиони евра.

Најскапиот трансфер летово е трансферот на крилниот напаѓач Антони од Ајакс во Манчестер Јунајтед за нешто помалку од 100 милиони, а потоа следуваат Фофана, Аурелиен Чоамени, Дарвин Нуњес и Касемиро. Топ 10 заедно со Кукурела го затвораат Александер Исак, Матијс де Лигт, Ерлинг Холанд и Ричарлисон.

URL

Саутемптон денеска донесе трет играч

Саутемптон веќе ги објави доаѓањата на Самуел Едози и Ејнсли Мејтланд-Најлс. Станува збор за крилен напаѓач кој дојде од Сити и сестран играч за врска од Арсенал. Сега е најавено доаѓањето на 18-годишниот дефанзивец Хуан Лариос од Сити.

URL

Депај одлучи да остане

Мемфис Депај реши да остане во Барселона и тоа го објави на својот Twitter профил. Летово нема да биде ништо од транферот во Англија, што најверојатно значи дека Барселона не може да си дозволи повеќе влезни трансфери со исклучок на Маркос Алонсо кој би можел да дојде како дел од договорот за преселба на Обамејанг во Челси.

Арсенал испрати трета понуда за Луис

Арсенал испрати трета понуда за Даглас Луис, овојпат за 29 милиони фунти. Дефанзивниот играч за врска на Астон Вила според Transfermarkt вреди 38 милиони, но договорот му истекува следната година, па Арсенал сака да го доведе по намалена цена.

Кејлор Навас останува во Париз

ПСЖ не успеа да се ослободи од Кејлор Навас, кој падна во втор план по доаѓањето на Џанлуиџи Донарума. Костариканецот беше блиску до Наполи, но ништо од неговото заминување на југот на Италија.

Флоријан Грилиш во Ајакс

Флоријан Грилиш, 27-годишниот австриски играч од средниот ред е нов играч на Ајакс. Тој пристигна во Холандија како слободен играч. Неговиот договор со Хофенхајм истече пред неколку месеци.

URL

Дест официјално во Милан

Милан официјално го претстави Сержињо Дест. Американско-холандскиот бек од Барселона дојде на позајмица со право на откуп во износ од 20 милиони евра.

URL

Френки де Јонг останува во Барса

Френки де Јонг ова лето дефинитивно нема да ја напушти Барселона. Да потсетиме, клубот уште му должи огромен дел од платата на холандскиот играч за врска и сакаше да се ослободи од него, но Де Јонг сепак успешно се избори да остане бидејќи не беше заинтересиран да оди во Премиер лигата.

Галатасарај ги договори условите со Икарди

Мауро Икарди ги договори сите услови од договорот со пропаднатиот турски гигант Галатасарај, но Турците и ПСЖ останува да се договорат за обештетувањето за Аргентинецот.

URL

ПСЖ официјално го објави доаѓањето на Солер

ПСЖ на својата официјална веб-страница го потврди доаѓањето на играчот за врска Карлос Солер од Валенсија.

URL
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Фудбал

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Read more

Како Реал успеа да изнервира играч со кој освои 24 трофеи?

Read more
 

Спорт

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Читај повеќе
  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Читај повеќе
  • play_arrow

Ферари во Мајами ќе вози во светлосина боја

Читај повеќе

Како Реал успеа да изнервира играч со кој освои 24 трофеи?

Читај повеќе

Струга пред разрешницата на сезоната се раздели со тренерот Дуро

Читај повеќе
  • play_arrow

Приказна за херојот што го сруши ПСЖ: Прекарот го добил поради забите

Читај повеќе
  • play_arrow

ФК Шкупи: Секоја недела некој ни ги краде бодовите

Читај повеќе

Подолговечен од Фергусон: Ист тренер ја води Виртус Верона 42 години

Читај повеќе