Збунувачки тврдења од кавкаскиот конфликт: И двете страни победуваат

Азербејџанското Министерство за одбрана соопшти дека нивните вооружени сили зазеле голем број села и стратешки ридови во регионите Фузули и Џабраил, во непосредна близина на Нагорно-Карабах, додека ерменското Министерство вели дека уништиле противнички хеликоптери, беспилотни летала и тенкови.

– Како резултат на контранападот на нашите армиски единици ослободени се голем број села и важни ридови што беа под окупација, рече Анар Ејвазов, шеф на прес-службата на Министерството за одбрана на Азербејџан.

– Борбените операции продолжуваат, додаде Ејвазов.

Прес-секретарот на ерменското Министерство за одбрана, Шушан Степанијан, возврати дека изјавите на азербејџанското Министерство за одбрана во врска со контролата врз шесте населени места во Нагорно-Карабах не одговараат на реалноста.

– Ова е уште една провокација на азербејџанската пропаганда, рече таа.

– За време на ескалацијата на контактната линија во Карабах, азербејџанската страна изгуби 4 хеликоптери, 15 беспилотни летала, 10 тенкови и борбени возила на пешадија, рече Степанијан.

Претходно, Баку ги демантираше информациите на ерменската страна за 3 уништени тенкови, 2 хеликоптера и 3 беспилотни летала на азербејџанските вооружени сили.

– Единиците на Армијата на одбраната на Карабах се борат во северните, јужните и југоисточните насоки на линијата на контакт, спречувајќи го напредувањето на непријателот. Непријателот претрпе големи загуби во човечка сила и опрема, напиша Степанијан на Facebook.

Германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас, во меѓувреме, се придружи на повиците од Турција, Русија, Франција и ЕУ кон двете завојувани земји за деескалација на судирите и враќање кон преговори.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Свет

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Read more
 

Вести

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе