Зекири: Не сум се заразил кај брат ми, сите ифтарски вечери ги имав дома

Потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири, во објава на неговиот профил на Facebook вели дека за целото времетраење на полицискиот час, ниту имал дозвола за движење, ниту кога било прекршил некоја од мерките за забрана за движење.

– Заради ненамерната грешка на претседателот Зоран Заев на денешната прес-конференција дека сум се заразил на ифтар кај брат ми, сакам само да ве информирам дека: За целото времетраење на месецот Рамазан сите ифтарски вечери ги имав дома, само со членовите на домаќинството – и без посети од никого. Првото излегување ми беше на Бајрамскиот викенд и за празникот имав средба само со најтесното семејство. Тие лица ќе бидат допрва тестирани, така што до сега само ние сме потврдени позитивни на вирусот, пишува Зекири.

Тој посочува дека самиот си ја соопштил веста за заразувањето, а и дека завршила целата анкета со епидемиолозите.

– Со оглед на тоа што има засегнати лица кои за разлика од мене не се јавни личности, ве молам за почитување на нивната приватност, апелира Зекири.

Претходно, лидерот на СДСМ Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање рече дека Зекири се заразил на ифтарска вечера кај брат му.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Македонија

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Read more

Османи победи во Торонто

Read more

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Read more

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Read more
 

Вести

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе