Зеленски: Украина би можелo да добие кандидатски статус за ЕУ ​​во наредните недели

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска официјално му го предаде пополнетиот прашалник за пристапот на Украина во ЕУ на претставникот на ЕУ и рече дека верува оти потегот ќе доведе до тоа неговата земја да добие кандидатски статус во наредните недели.

Прашалникот, кој служи како почетна точка за ЕУ ​​да ги започне пристапните преговори, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен му го предаде на украинскиот претседател за време на посетата на Киев на 8 април.

Украина поднесе барање за членство во Европската Uнија по почетокот на руската инвазија на 24 февруари.

Процесот на пристапување во Европската унија е сложен и одзема многу време, па дури и ако Комисијата позитивно ја оцени подготвеноста на земјата-кандидат, може да поминат години пред вистинското отворање на преговорите.

Фон дер Лејен му вети на украинскиот претседател дека првите чекори на Украина кон членството во ЕУ ќе бидат забрзани, велејќи дека „тоа нема да биде прашање на години како и обично, но смета дека тоа ќе биде прашање на недели“.

Зеленски му го предал пополнетиот документ на претставникот на ЕУ во Украина, покажува снимката од состанокот што ја објави неговата влада.

„Цврсто веруваме дека овој процес (додавање кандидатски статус) ќе се случи во следните недели и ќе биде позитивен за историјата на нашиот народ, со оглед на цената што ја платија на патот кон независноста и демократијата“, рече Зеленски на средбата.

Заменик-шефот на кабинетот на украинскиот претседател претходно изјави дека очекува Украина да добие кандидатски статус во јуни на состанокот на Европскиот совет, на кој се собираат лидерите на земјите-членки на ЕУ.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Свет

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Read more

САД воведоа нови санкции кон Русија

Read more

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе