Земјите низ Европа почнуваат со попуштање на рестриктивните мерки

Париз, 4 мај 2020 (МИА) – Од денеска голем број европски земји почнуваат да укинуваат некои од рестриктивните мерки наметнати поради пандемијата со COVID-19.

Италија – Италијанците ќе можат да ги посетуваат своите роднини, да се собираат во ограничени групи, смее да се отворат парковите, но со строго држење физичка дистанца меѓу луѓето во нив. Работата во градежништвото и трговијата на големо е целосно обновена. Кафулињата, рестораните и баровите ќе продаваат храна само за носење. Училиштата нема да се отворат до септември. Остануваат ограничувањата за движење од една до друга област. Маските треба да се носат на аеродромите и станиците, како и во јавниот превоз. Патничките летови на аеродромите во Cампино во Рим и Перетола во Фиренца, кои беа меѓу аеродромите привремено затворени поради епидемијата, се обновени.

Шпанија – Почнувајќи од денеска, обновена е работата на мали трговски објекти како фризерски салони што можат да примат индивидуални клиенти по претходно закажан термин. Баровите, кафулињата и рестораните ќе продаваат само храна за носење. Маските се задолжителни во јавниот превоз. На Канарските Острови и Балеарскиот архипелаг ќе им биде дозволено да отворат повеќето продавници, музеи и тераси на барови и ресторани, но со ограничен капацитет. Училиштата остануваат затворени до септември.

Грција – Речиси 10 проценти од затворените продажни салони ќе можат да отворат врати, вклучително и книжарници, продавници за електроника, оптичари, места за проверка на возила, продавници за спортски производи, продавници за градинарски материјали, фризерски салони и салони за убавина. Црквата ќе отвори врати за индивидуални молитви.

Португалија – Малите локални продавници и фризерски салони се отвораат, продолжува работата на автосалоните и книжарниците. Даночните служби исто така отвораат врати по претходно договорен состанок и бараат носење заштитна маска. Заштитните маски стануваат задолжителни во јавниот превоз. Индивидуални спортови на отворено се дозволени.

Германија – Училиштата постепено се отвораат од денеска во некои провинции. Ќе може да отворат фризерските салони. Продолжува отворањето храмови, музеи и зоолошки градини. Баровите и рестораните само ќе вршат испораки за дома. Заштитните маски стануваат задолжителни во транспортот и продавниците.

Австрија – Отвораат дел од училиштата. Заштитните маски се задолжителни во јавниот превоз и продавниците.

Белгија – Бизнисите што не примаат посетители ќе отворат, а маските ќе станат задолжителни за јавниот превоз.

Унгарија – Надвор од Будимпешта, кафулињата и рестораните може да работат со ограничен капацитет на летните тераси. Професионалните спортисти може да се вратат на индивидуални тренинзи. Маските се задолжителни во продавниците и јавниот превоз.

Полска – Отвораат хотели, трговски центри, дел од културните институции, вклучувајќи ги библиотеките и некои музеи.

Хрватска – Продолжуваат со работа услужните дејности каде има близок контакт со клиенти, како што се фризерски салони.

Словенија – Од денеска се отвораат терасите на кафулиња и ресторани, како и музеи, фризерски салони и книжарници. Професионалните спортисти може да се вратат на тренинг. Маски се потребни во затворени простории на јавни места, во јавен превоз и во продавници.

Србија – Кафулињата и рестораните може да работат со запазување на строга физичка оддалеченост, маските стануваат задолжителни во јавниот градски превоз, како и во автобусите и возовите.

Исланд – Универзитетите, музеите и фризерските салони повторно се отвораат.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Свет

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Read more

САД воведоа нови санкции кон Русија

Read more

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе