Зголемен бројот на заболени од грип

Скопје, 15 февруари 2019 (МИА) – Во текот на изминатата недела (од 4 февруари до 10 февруари), во Република Македонија се регистрирани 2.246 заболени од грип, што е заголемување за 80 отсто споредено со неделата пред неа кога беа регистрирани 1.252 заболени од грип, се наведува во извештајот, што го објави Институтот за јавно здравје.

Бројот на регистрирани заболени изминатата недела е помал за 24,2 отсто споредено со истиот период минатата сезона.

Во текот на изминатата недела, регистрирани се два смртни случаи асоцирани со грип. Станува збор за лица на возраст од пет и 25 години од Скопје и Охрид кои биле хоспитализирани на Клиниката за детски болести и КАРИЛ. Кај починатите лица утврдено е присуство на коморбидитети.

Во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ пристигнати се 67 материјали за тестирање на грип, од кои 35 (52,2 отсто) позитивни за присуство на вирусот на грип – 28 Influenza A(H1)pdm, два Influenza A(H3) и пет Influenza А несуптипизиран.

Најголем број заболени (1.351) се пријавени во најголемата возрасната група од 15-64 години, а највисока инциденца од 217,7 на 100.000 жители е регистрирана кај децата на возраст до четири години. Пријавени се заболени лица од 27 извештајни единици. Најголем број заболени се пријавени од подрачјето на Центарот за јавно здравје Струмица (427), а највисока инциденца е регистрирана на подрачјето на Подрачната единица Ресен (489,2 на 100.000).

Во сезоната 2018/2019 вкупниот број на заболени од грип изнесува 6.371.

Процентот на позитивни резултати добиени од вирусолошкиот надзор оваа недела е 52 отсто и укажува на висока активност на вирусот на грип. Во позитивните примероци, доминира вирусот на инфлуенца – Influenza A(H1)pdm, а ко-циркулира и Influenza А(H3). Оваа сезона се одликува со задоцнет старт, а се очекува одржување на висока вирусолошка активност во текот на следните недели.

Според податоците добиени од Управата за електронско здравство, вакцинирани се 19.979 лица со бесплатни вакцини против сезонски грип (лица постари од 65 години со просечна, потпросечна пензија или без примања), односно 71,4 отсто од вкупниот број набавени вакцини.

реклама

Македонија

Мојсоска: На 8 мај младите ќе стават крај на истрошените елити кои немаат што да понудат

Read more

Без струја дел од корисниците на Волково и Кучково

Read more

Променливо облачно, попладне дожд

Read more

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Read more
 

Вести

Мојсоска: На 8 мај младите ќе стават крај на истрошените елити кои немаат што да понудат

Читај повеќе

Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили

Читај повеќе

Без струја дел од корисниците на Волково и Кучково

Читај повеќе

Променливо облачно, попладне дожд

Читај повеќе

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Читај повеќе

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Читај повеќе

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Читај повеќе

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Читај повеќе

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Читај повеќе