Жените во земјите на ЕУ имаат помалку од ⅓ од пратеничките места, Македонија над европскиот просек

Во јули 2022 година, жените имале 32,7% од сите мандати во националните парламенти на Европската Унија, додека во светот просекот бил 26,4%, покажуваат објавените податоци од статистичката агенција Еуростат, по повод Меѓународниот ден на жената.

Во Европскиот парламент жените се исто така сè уште малцинство, но ги има пропорционално повеќе отколку во националните парламенти на земјите-членки на ЕУ.

Од формирањето на тоа тело во 1952 година до првите непосредни избори во 1979 година пратенички мандати имале само 31 жена, иако тогаш бројот на пратеници бил многу помал.

По првите непосредни избори процентот на жени беше 15,2%, а денес сочинуваат 39,3% од вкупно 705 пратеници.

Во националните парламенти на сите европски земји овој просек во февруари годинава изнесува 31,1%, покажуваат редовните месечни податоци на Интерпарламентарната унија (ИПУ).

Во светот, жените го сочинуваат мнозинството во парламентот само во три земји, и тоа во Руанда (61,3%), Куба (53,4%) и Никарагва (51,7%).

Мексико и Обединетите Арапски Емирати имаат еднаков број мажи и жени во нивните парламенти.

Од друга страна, постојат три земји во целиот свет чии парламенти немаат ниту една жена, а тоа се островските држави во Океанија, Папуа Нова Гвинеја и Вануату, и Јемен на Арапскиот Полуостров.

Во долниот претставнички дом на оманскиот парламент има само две жени меѓу 85-те пратеници, а во кувајтскиот парламент жените имаат 4 од вкупно 60 мандати.

Во регионот на Западен Балкан, во однос на пропорционалното учество на жените во националните парламенти предводат Северна Македонија со 42,5% и Албанија со 35,71%, покажуваат податоците на ИПУ.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Свет

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Read more

САД воведоа нови санкции кон Русија

Read more

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе