Женка бел носорог стигна во Јапонија во потрага по партнер

Белиот носорог е скоро загрозен вид - се проценува дека во Јужна Азија се останати само 19.000 единки.

Петгодишната женка бел носорог Ема помина долг пат од Тајван до Јапонија, само за љубов.

Ема пристигна безбедно во зоолошката градина Тоба во Јапонија, каде ќе остане со избраникот Моран, десетгодишен носорог.

Поради својата „блага природа“, Ема беше избрана за патување во Јапонија - целта на потрагата по партнер е да се зголеми бројот на бели носорози во Азија.

Светскиот фонд за жив свет (WWF) ги класифицира белите носорози како „скоро загрозен“ вид и проценува дека околу 19.000 единки се останати во дивината.

Ема патуваше 16 часа од паркот Лефу Сафари во Тајван, до нејзиниот нов дом во Јапонија.

„Внимателно и полека ја отворивме вратата од контејнерот во кој пристигна. Без ни малку срамежливост, се појави Ема“, објавија властите на јапонската зоолошка градина.

Ема требаше да патува во Јапонија во март, но пандемијата ги попречи ваквите планови. Сепак, таа го искористи одложувањето на патувањето - со помош на чуварот на зоолошката, научи да препознава јапонски зборови за да разбере кога некој ќе ѝ каже „не“ и „дојди“.

Од тајванската зоолошка градина додаваат дека и поситната градба на Ема придонела на неа да падне за изборот за патување.

Компаниите кои се занимаваат со зголемување на бројот на единки во зоолошките градини во Јужна Азија играат важна улога во зачувувањето на овој вид.

Најголемата закана за носорозите се ловокрадците, кои ги ловат овие величествени суштества за нивните рогови, влакна и нокти за кои лажно се верува дека се афродизијак или дека може да се користат како терапија за пациенти со карцином. Ниту едно од овие тврдења не е научно докажано.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Што е сексомнија?

Read more

Чек дис аут

Фараоновото проклетство: Дали прерано ќе умре оној кој ќе ја отвори гробницата?

Read more

Еден од најактивните вулкани во светот исфрла злато во вредност од 6.000 долари секој ден

Read more

Бургер на едноставен начин

Read more

Скопски сеоски фудбал: Зајко пасе позади гол

Read more
 

Магазин

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Читај повеќе

Време е да научите како паметно да се расправате во врската

Читај повеќе

Дали не смеете да јадете црвено месо?

Читај повеќе
  • filter

Фараоновото проклетство: Дали прерано ќе умре оној кој ќе ја отвори гробницата?

Читај повеќе

Зошто не е добра идеја да пиете кафе после јадење?

Читај повеќе

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Читај повеќе

Како да станете поодговорни со вашите пари?

Читај повеќе

Несоницата предизвикува мозочни и срцеви удари

Читај повеќе

Што е сексомнија?

Читај повеќе