Жител на Ваксинце 15 години работел како полицаец со лажна диплома

СВР-Куманово поднесе кривична пријава против Б.М. (59) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување и И.М. (38) од с. Ваксинце поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело употреба на исправа со невистинита содржина.

Првопријавениот, кој бил вработен во ОССУ „Гоце Стојчевски“ – Тетово како училиштен социлог во својство на одговорен наставник за вонредни ученици во училиштето,  во повеќе наврати своерачно внел и запишал лажни податоци и невистинита содржина во педагошки евиденции за И.М. за текстилна струка, насока – предач, кои се воделе во  ОССУ „Гоце Стојчевски“ од Тетово.

И.М. и покрај тоа што знаел дека свидетелствата и дипломата за положен завршен испит кои му биле издадени во 2002 година се лажни и со невистинита содржина, ги употребил како вистински и како доказ во правниот сообраќај и тоа кај нотар од Куманово при заверка на истите.

Потоа тие документи ги употребил при засновање на работен однос на неопределено време по оглас од работодавецот МВР на РМ како приправник-полицаец во СВР Куманово, сметано од 5.5.2003 година. Но документите ги употребил и во текот на сите понатамошни распоредувања во полициски станици, за што од МВР на РМ  од 5.5.2003 година до септември 2017 година по основ на право на плата, додатоци на плата по разни основи и придонеси му се исплатени 173 месечни бруто-плати, за кој износ го оштетил Буџетот на Р.Македонија.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Македонија

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Read more

Османи победи во Торонто

Read more

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Read more

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Read more
 

Вести

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе