Жителите на град во Тексас избраа мртов човек за градоначалник

Градот Мејперл, во американската сојузна држава Тексас, на неодамнешните избори го одбра 71-годишниот Филип Велтман за нов градоначалник. Единствениот проблем е што Велтман почина уште на 15 март годинава, откако се кандидираше за градоначалничката позиција.

Велтман, кој почина од здравствени компликации причинети од леукемија, доби 68 од вкупно 110 гласови, додека преостанатите 42 гласа му припаднаа на неговиот конкурент Џон Вејн Прут.

Мејперл е град кој според последниот попис во 2010 година имаше 934 жители. Сега, оваа мала американска општина се соочува со задачата за организирање на нови избори, бидејќи е повеќе од очигледно дека Филип Велтман нема да може да ја извршува функцијата. Тие се веќе распишани и ќе се одржат на 13 мај.

И покрај тоа што новите избори ќе се одржат без разлика на околностите во иднина, официјалните претставници на Мејперл мораа да се консултираат со државата Тексас за да знаат какви чекори треба да преземат во една ваква невообичаена ситуација.

Ова не е прв случај во САД каде што мртов човек е избран за победник на избори. Минатата година телевизиската ѕвезда Денис Хоф победи на изборите за место во државниот парламент на Калифорнија, иако почина неколку недели претходно.

„Мојот човек Денис Хоф го растури неговиот противник од задгробниот свет, поради тоа, вечерва славам за него“, изјави тогаш неговиот менаџер Чак Мат.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Чек дис аут

Фараоновото проклетство: Дали прерано ќе умре оној кој ќе ја отвори гробницата?

Read more

Еден од најактивните вулкани во светот исфрла злато во вредност од 6.000 долари секој ден

Read more

Бургер на едноставен начин

Read more

Скопски сеоски фудбал: Зајко пасе позади гол

Read more
 

Магазин

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Читај повеќе

Време е да научите како паметно да се расправате во врската

Читај повеќе

Дали не смеете да јадете црвено месо?

Читај повеќе
  • filter

Фараоновото проклетство: Дали прерано ќе умре оној кој ќе ја отвори гробницата?

Читај повеќе

Зошто не е добра идеја да пиете кафе после јадење?

Читај повеќе

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Читај повеќе

Како да станете поодговорни со вашите пари?

Читај повеќе

Несоницата предизвикува мозочни и срцеви удари

Читај повеќе

Што е сексомнија?

Читај повеќе