Жолта минута, црвен картон: На Роналдо пак „му пукна филмот“

Ал Хилал и Ал Наср се сретнаа во полуфиналето на Суперкупот на Саудиска Арабија, одиграно на неутрален терен.

Фудбалерите на Ал Хилал славеа со 2:1 и со тоа забележаа неверојатна 33-та победа во низа и со тоа го подобрија сопствениот светски рекорд. Имено, тие веќе со 32 победи го урнаа рекордот по број на победи во низа во сите натпреварувања, кој 76 години го држеше Белфаст Селтик.

Ал Хилал беше подобриот противник во поголемиот дел од натпреварот, но играчите на Ал Наср беа првите кои постигнаа гол во судиското надополнување на првото полувреме кога Отавио постигна гол. Голот беше поништен поради офсајд по интервенција на ВАР, а Роналдо потоа заработи жолт картон поради приговор. Ал Хилал поведе во вториот дел во 61. минута, а стрелец беше Салем Ал Даусари на асистенција на Сергеј Милинковиќ-Савиќ.

Во 72. минута Малком погоди за 2:0, а Ал Наср до крајот на натпреварот успеа да постигне само почесен гол. Стрелец за конечни 2:1 беше Садио Мане во деветтата минута од судиското надополнување. Сепак, играта ќе остане запаметена по инцидентот во 86. минута кога Роналдо направи глупава грешка и заработи директен црвен картон за прв пат по 2018 година кога играше за Јувентус и забележа црвено на натпреварот од Лигата на шампионите против Валенсија.

Ситуацијата почна прилично банално. Екипата на Ал Наср доби аут од страна во центарот, а Роналдо се обиде што побрзо да дојде до топката за да ја продолжи играта. Во тој момент тој целосно ги загуби нервите и со лакт го удри противникот. Потоа играчите почнаа да се туркаат, а судијата му покажа црвен картон на Португалецот. Тоа на Роналдо не му беше доволно, па саркастично ракоплескаше, а по излегувањето од теренот покажа кон судијата и побара од публиката да му даде аплауз.

Целата ситуација може да ја погледнете ТУКА.

реклама

Фудбал

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Read more

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Read more

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Read more

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Read more
 

Спорт

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе

Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Читај повеќе

Леброн одговори на прашањето дали ќе остане во Лејкерс

Читај повеќе

Битка на титаните: Баерн и Реал по осми пат играат за финале

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ ги испрати Леброн и Лејкерс на годишен одмор

Читај повеќе

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Читај повеќе