Зимскиот распуст за учениците продолжен до 23 јануари

Зимскиот распуст за учениците ќе биде продолжен за пет дена, односно наместо до 18 јануари распустот е продолжен до 23 јануари, одлучи Комисијата за заразни болести.

Ваквата одлука е прифатена и е донесена поради намалениот број лица заболени од грип на училишна возраст, а со цел да се намали бројката на заболени од ноќеска ќе се врши дезинфекција на јавните автобуси.

Министерот за здравство Никола Тодоров во изјава за медиумите објави дека е донесена мерка за продолжување на зимскиот распуст на учениците до 23 јануари.

Појасни дека одлуката е донесена како резултат на намалувањето на бројот на заболени од грип во периодот додека децата биле на распуст.

„Наместо на 18 јануари, второто полугодие да започне на 23 јануари. Оваа мерка е потребна со тенденција на намалување на заболените од грип на возраст од 0 до 14 години. Покрај оваа мерка, ќе се спроведе темелна дезинфекција на автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие во Скопје и другите градски автобуси, како и во останатите градови каде што има организиран сообраќај. Засилената мерка, исто така, предвидува темелна дезинфекција на сите училишта пред почетокот на училишната година“, прецизираше Тодоров.

реклама

Оваа млада Месечина ќе му го смени животот на еден хороскопски знак

Read more

Џигер со кромид натопен во млеко - за најдобар вкус

Read more

Аларм во автомобилот што не треба да се игнорира

Read more

Се запали Boeing 737 полн со патници

Read more

Македонија

Џафери: Со мирна совест можам да кажам дека тоа што го најавив пред 100 дена, го спроведов

Read more

Герасимовски: Лицата со попреченост ќе може да користат бесплатен превоз до болница

Read more

Стефковски: Скопје да се врати на скопјани, а Данела Арсовска да поднесе оставка

Read more

Апасиев: Уште поборбено одиме да создадеме пофер, поправично и порамноправно општество за нашиот народ

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Џафери: Со мирна совест можам да кажам дека тоа што го најавив пред 100 дена, го спроведов

Читај повеќе

Герасимовски: Лицата со попреченост ќе може да користат бесплатен превоз до болница

Читај повеќе

Стефковски: Скопје да се врати на скопјани, а Данела Арсовска да поднесе оставка

Читај повеќе

Денови на култура во Општина Илинден: 25-та Литературна манифестација

Читај повеќе

Апасиев: Уште поборбено одиме да создадеме пофер, поправично и порамноправно општество за нашиот народ

Читај повеќе

Зеленски ѝ ја честиташе победата на Гордана Силјановска-Давкова

Читај повеќе

Падна дрво во населбата Автокоманда

Читај повеќе

Без струја, делови од Зелениково и Чучер Сандево

Читај повеќе

Променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе