Зеленски ѝ ја честиташе победата на Гордана Силјановска-Давкова

Синоќа на социјалната мрежа Х по повод големата победа на професорката Гордана Силјановска-Давкова на претседателските избори, се огласи и претседателот на Република Украина, Володимир Зеленски.

Во неговата честитка упатена до професорката Силјановска на англиски и на украински јазик, стои:

„Честитки до Гордана Силјановска-Давкова за нејзината убедлива изборна победа. Ѝ посакувам успешен и плоден мандат. Го цениме нашето силно партнерство и ја цениме поддршката на Скопје за Украина во борбата против руската агресија. Со задоволство очекувам да ја зајакнеме нашата билатерална соработка со цел да ги вратиме мирот и стабилноста во нашата обединета Европа“.

Професорката Гордана Силјановска-Давкова се заблагодари на честитката на украински, македонски и на англиски јазик истакнувајќи го следново:

„Почитуван претседателе Зеленски, денеска кога го славиме Денот на Европа исто така се потсетуваме дека судбината на украинската нација е под закана. Ние ја поддржуваме Украина и ја нудиме солидарноста на сите македонски граѓански за постигнување на праведен мир и вистинска долгорочна безбедност. Ниту една европска нација, која ги споделува и брани заедничките европски вредности, не смее да биде изоставена од европското единство. Очекувам дополнително да ја зајакнеме билатералната соработка и се надевам на брз прием на нашите две земји во ЕУ“.

реклама

Македонија

Воведена електронска услуга за добивање потврда за сопственост на моторни возила

Read more

Утре и задутре бесплатен паркинг во зоните на „Градски паркинг“

Read more

На граничните премини кон Грција и Србија и денеска има гужва

Read more

Со протестен марш на семејствата ќе се бара правда за настраданите во пожарот во Кочани

Read more
 

Вести

Доларот слабее трета недела по ред

Читај повеќе

Воведена електронска услуга за добивање потврда за сопственост на моторни возила

Читај повеќе

Утре и задутре бесплатен паркинг во зоните на „Градски паркинг“

Читај повеќе

Жизел Пелико го тужи Paris Match, ја снимиле со нов партнер

Читај повеќе

CNN: Трамп е подготвен да го признае Крим како руски во мировниот план за Украина

Читај повеќе

Десничарот Јанша ослободен од сите обвиненија

Читај повеќе

На граничните премини кон Грција и Србија и денеска има гужва

Читај повеќе

Дали Србија се претвора во рударска колонија на ЕУ?

Читај повеќе

Со протестен марш на семејствата ќе се бара правда за настраданите во пожарот во Кочани

Читај повеќе