Ѕирнете во новиот Mercedes E-Class

Германскиот производител ја најави новата генерација на својата деловна лимузина.

Mercedes ја најави новата Е-класа откривајќи детали за нејзината внатрешност. Како што велат од компанијата, идните купувачи на овој модел „можат да се радуваат на особено импресивно забавно искуство“.

По неколку месеци исчекување, Mercedes објави информација во врска со патничката кабина на новата E-Class. Накратко, таа е неверојатна.

Новата Е-класа и самата најава покажуваат колку се променила автомобилската индустрија за само неколку години.

Најавата за еден од најважните модели во гамата на производителот започнува токму со ентериерот во кој доминира она што се крие зад стаклото.

Токму така, W214 е веќе тука, зад аголот, а ние го запознаваме преку поглед внатре. И веднаш комплимент за Mercedes: внатрешноста не е чиста копија на онаа во електричниот EQE.

Фановите на Mercedes веднаш ќе забележат дека нема „турбини“, па сега отворите за вентилација се многу подискретни.

Доминира минимализмот, па копчињата се наоѓаат само под централниот екран, а оние за кратенки.

Новостите не застануваат тука, бидејќи класата E добива и опционална селфи камера. Таа е дел од новиот MBUX Superscreen и работи само кога автомобилот е во мирување. Може да се користи и за видеоконференции преку Zoom или Webex.

Како и во некои други Mercedes модели, специјална камера го следи погледот на возачот. Ако случајно погледне кон екранот на совозачот, тој веднаш ќе се затемни, сè за да се намали одвраќањето на возачот.

А кога зборуваме за иновации, само да кажеме дека MBUX сега ја вклучува апликацијата TikTok, заедно со играта Angry Birds и прелистувачот Vivaldi. Конечно, како опција се нуди порталот за стриминг ZYNC.

На листата на новитети е системот Active Ambient Lighting, каде амбиенталното осветлување се прилагодува на аудио системот следејќи го ритамот на песната што моментално се репродуцира.

И сигурно ќе свири често, бидејќи Burmester 4D сараунд системот со 17 звучници и систем за вибрации во седиштата е достапен за возачот како дел од стандардната опрема.

И ако на вашиот сопатник му се слоши додека возите, од толку многу гледање филмови и прелистување на интернет, сè уште постои програмата Energizing Comfort, која докажано помага да се потисне гадењето.

И една пофалба: за разлика од Porsche Taycan, каде што позицијата на отворите за воздух се контролира преку екранот, овде сепак можете рачно да ги прилагодите.

Сето горенаведено покажува дека Mercedes уште еднаш ќе ја подигне границата и ќе постави некои нови стандарди со новата E-Class. И не само во однос на поврзаноста и удобноста.

Remote video URL
Тагови
реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Авто новости

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Read more

Renault 5 E-Tech Roland Garros е инспириран од тенисот

Read more

Револуција од Кореја: Батерија која се полни за неколку секунди

Read more

Трка на хибридните суперавтомобили: Lamborghini Revuelto, Ferrari SF90 или Porsche 918?

Read more
 

Автомобили

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Читај повеќе
  • filter

Renault 5 E-Tech Roland Garros е инспириран од тенисот

Читај повеќе

Револуција од Кореја: Батерија која се полни за неколку секунди

Читај повеќе
  • play_arrow

Трка на хибридните суперавтомобили: Lamborghini Revuelto, Ferrari SF90 или Porsche 918?

Читај повеќе
  • filter

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Читај повеќе
  • filter

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Читај повеќе

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Читај повеќе
  • filter

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Читај повеќе
  • filter

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Читај повеќе