Златна зора отстранета од седница, повика војската да ги уапси Ципрас, Каменос и Павлопулос

Атина, 15 јуни 2018 (МИА) - Да интервенира војската за да се спречи ова предавство и да ги уапси премиерот, министерот за одбрана и претседателот, повика пратеник од Златна зора Константинос Барбарусис за време на денешната расправа во грчкиот парламент, додека по барање на претседателот на парламентот и со согласност од останатите партии, Златна зора нема да учествува во останатиот дел од седницата.

- Бидејќи политичкото раководство на земјата не носи закони во интерес на нацијата, туку за личен интерес, го повикувам военото раководство на земјата да ја почитува дадената заклетва и да ги уапси премиерот Алексис Ципрас, Панос Каменос и Прокопис Павлопулос за одвраќање на ова предавство. Вашите глави во Преспа. Вашите глави во Преспа, рече пратеникот од Златна зора на крајот од неговиот говор во парламентот и предизвика реакции кај претставниците на останатите партии, кои го осудија ставот на Барбарусис.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, прв реагираше претседателот на парламентот Никос Вуцис, кој рече дека Златна зора повика на воен пуч и побара партијата да биде отстранета од расправата.

- Денес во грчкиот парламент паднаа маските. Политичката сила Златна зора која секако во парламентот дојде 3-4 пати со глас на одредени наши сонародници директно повика на пуч врз политичкиот систем, врз демократскиот политички систем, повика на воен пуч, секако со согласност од мнозинството на пратеничката група на Златна зора, рече Вуцис.

Претседателот на парламентот побара ниту еден пратеник од Златна зора да не добие право на обраќање за време на седницата, „бидејќи од грчкиот парламент треба до народот да се испрати порака на обединетост, демократија и суштинска политичка конфронтација и паралелно порака на осуда на фашизмот и неговите изразувачи кои сакаат да ја создадат оваа атмосфера“.

Ова објаснување на Вуцис беше прифатено од останатите партии, со исклучок на Златна зора.

Пратениците од Златна зора, откако беа исклучени од расправата во парламентот, излегоа пред парламентот и им се придружија на групата демонстранти што од утрово „го бранат грчкиот карактер на Македонија“.

реклама

Регион

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Read more

Избрана е новата Влада на Србија

Read more

Договорен текстoт на резолуцијата за Сребреница

Read more

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Read more
 

Вести

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе

Православните верници го слават Велигден

Читај повеќе

Времето денеска сончево и потопло

Читај повеќе