Знаци што откриваат дека детето можеби е жртва на онлајн насилство

Сајбер-насилството, онлајн насилството или онлајн малтретирањето (cyberbullying) е прилично сериозна работа што може да се спречи навреме, но само кога сме свесни дека е присутна, како и дека има штетни последици.

Затоа е многу важно да бидете едуцирани во оваа област и навремено да ги забележите знаците на онлајн насилство врз вашето дете.

Ова се најчестите знаци што укажуваат дека можеби вашето дете е жртва на онлајн насилство.

Физички промени

Важно е да го набљудувате вашето дете. Одвојте неколку минути да го набљудувате детето и можеби ќе забележите некои промени. Дали се здебелило? Дали ослабело? Доколку забележите ваква промена, обидете се да разговарате отворено и да откриете дали детето е свесно за промената и потврдете дека ништо не го мачи.

Промени во расположението

Кај тинејџерите, промените во расположението можат да бидат резултат на пубертетот, но дури и тогаш тие не треба да се игнорираат. Честите промени во расположението или брзи и кратки одговори може да бидат знак дека нешто посериозно се случува во животот на детето. Обидете се да охрабрите подолги одговори и да се интересирате за активноста на децата на интернет.

Губење интерес

Кога детето одеднаш почнува да се дистанцира од семејството, пријателите и играта во која уживало до неодамна, или престане да биде возбудено од активностите што до неодамна му носеле радост, ова може да укаже дека детето се соочува со проблеми што не се видливи за вас.

Повлекување од социјалните мрежи

Обрнете посебно внимание на овој знак. Во време кога сите деца и секој тинејџер во светот поседуваат мобилен телефон и имаат социјални медиуми, навистина е чудно кога човек на таа возраст одеднаш ќе се оддалечи од сето тоа. На сите понекогаш ни треба пауза од социјалните мрежи, но ако се случи одеднаш, обрнете внимание и преземете нешто.

реклама

Како правилно да ги перете белите алишта?

Read more

Ставањето тоалетна хартија во фрижидер повторно е во тренд

Read more

5 намирници богати со јаглени хидрати што треба да ги јадете ако сакате да ослабете

Read more

Вообичаена возачка навика покажува дека лицето можеби е психопат

Read more

Живот

Вообичаена возачка навика покажува дека лицето можеби е психопат

Read more

Викенд хороскоп од 31 мај до 2 јуни: Месечината влегува во Овен

Read more

Како правилно да ги перете белите алишта?

Read more

Кои се разликите меѓу тврдоглаво и разгалено дете?

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Мечка упаднала во куќа во Калифорнија и излегла со колачиња

Читај повеќе

Вообичаена возачка навика покажува дека лицето можеби е психопат

Читај повеќе

5 намирници богати со јаглени хидрати што треба да ги јадете ако сакате да ослабете

Читај повеќе

Знаци дека траумите од минатото влијаат на вашите врски

Читај повеќе

Храна што може да ја јадете и пред спиење без страв од тегоби

Читај повеќе

Викенд хороскоп од 31 мај до 2 јуни: Месечината влегува во Овен

Читај повеќе

Како правилно да ги перете белите алишта?

Читај повеќе

Што може да се случи во телото ако претераме со внесување калциум?

Читај повеќе

Кои се разликите меѓу тврдоглаво и разгалено дете?

Читај повеќе