Знаците на срцев удар може да се појават денови пред нападот

Знаците на срцев удар може да се појават неколку дена, па дури и недели пред самиот напад, според докторите и стручните лица.

Што е срцев удар или инфаркт? Тоа е појава во којашто дел од срцевиот мускул не прима доволно крв. Ова обично се случува кога масните наслаги се наталожуваат во крвните садови и го блокираат протокот на крвта, па се спречува кислородот и хранливите материи да стигнат до срцето. 

За да се спречи можноста од срцев удар, важен е здравиот начин на живот. Понекогаш е доволна физичката активност и здравата и урамнотежена исхрана, без алкохол, цигари и без стрес.

Следниве предзнаци и симптоми се вообичаени и кај мажите и кај жените: болка или непријатност во градите – обично трае неколку минути, но може да исчезне и да се врати. Непријатноста може да се почувствува како притисок, стегање, чувство на исполнетост или болка сред градниот кош. Тука е и непријатноста во други делови на горниот дел од телото, како што се – болка или непријатност во грбот, вилицата, стомакот, едната или двете раце. 

Други знаци на срцев удар се краток здив, ладна пот, гадење и вртоглавица.

Има и рани знаци кои се јавуваат главно кај жените: болка во грбот, вртоглавица, несвестица, болка со притисок среде градниот кош што се шири на вратот, рамињата или вилицата, невообичаен замор, притисок или непријатност во горниот дел на стомакот, нагон за повраќање.

Кои се факторите на зголемена можност за срцев удар?

Начинот на живот, болестите или здравствената состојба може да ја зголемат опасноста од срцев удар. Најчестите фактори на ризик се: дијабетес, прекумерно пиење алкохол, присуство на срцеви заболувања во семејството, висок холестерол, висок крвен притисок, прекумерна тежина и дебелина, старост, недоволна физичка активност, пушење, зголемена количина стрес, нездрава исхрана. 

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Здравје

Што ни се случува во телото ако не јадеме доволно зеленчук?

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Дали не смеете да јадете црвено месо?

Read more

Зошто не е добра идеја да пиете кафе после јадење?

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Стегнете се до лето: Брз тренинг за затегнати раце

Читај повеќе

Што ни се случува во телото ако не јадеме доволно зеленчук?

Читај повеќе

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Читај повеќе

Време е да научите како паметно да се расправате во врската

Читај повеќе

Дали не смеете да јадете црвено месо?

Читај повеќе
  • filter

Фараоновото проклетство: Дали прерано ќе умре оној кој ќе ја отвори гробницата?

Читај повеќе

Зошто не е добра идеја да пиете кафе после јадење?

Читај повеќе

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Читај повеќе