Во Зоолошката градина во Скопје пред неколку дена се роди принова кај елените лопатари.
„Секогаш најмногу нѐ радува кога имаме принова кај елените лопатари. За малото бебе кое се роди пред неколку дена се грижи целата група, а на фотографиите е со својот татко“, соопштија од скопската Зоолошка градина на нивниот Facebook профил.