Зошто граѓаните се незадоволни од услугите на македонската Пошта?

Главни причини за незадоволство од поштенските услуги кај физичките лица во државава се застарените процедури и цените на поштенските услуги, одговор што го дале 58% од испитаниците во истражувањето за потребите на корисниците на поштенските услуги, спроведено за потребите на Агенцијата за пошта. Незадоволство со 42% е искажано и поради проблемите со нередовна односно несоодветна достава.

Брзината на доставата на поштенските пратки е основата за дефинирање на квалитетот на обезбедување на поштенските услуги и за ова прашање се изјасниле исто дури 83% од испитаниците, по што следи локацијата на поштенските единици со 64% и 54% цената за поштенската услуга.

70% од испитаниците не се запознаени со постапката за поднесување на рекламации кај давателот на поштенски услуги за изгубени, оштетени поштенски пратки и пречекорување на рокот за достава, а само една третина 30% изјавиле дека се запознаени со оваа постапка.

Најкористени поштенски услуги се финансиските трансакции со 64%, по што со 53% следуваат услугата подигање пакет и со 48% подигање препорачани пратки. Локацијата на поштенската единица е основна причина за посета на избраната поштенска единица и таа е пoсетена од 52% од испитаниците еднаш месечно. Дури 64% од корисниците рекле дека немаат предлог како да се подобрат условите за пристап до поштенските услуги.

- 58% од испитаниците се изјасниле дека немаат поштенско сандаче, додека 46% се донекаде задоволни од поставеноста на поштенската единица до нивниот дом. 66% од испитаниците сметаат дека е добро и корисно давателот на универзалната услуга да ги обезбедува своите услуги не само во нивните деловни простории преку нивниот персонал, туку и преку договорни пошти (приватни продавници, продажни места, трговија, бензински пумпи), наведува АП во објавените резултати од истражувањето.

Според истражувањето, 64% од испитаниците воопшто не испраќаат писма на месечна основа, 3% испраќаат повеќе од пет писма, додека 62% не испраќаат пакети, а 46% примаат до два пакета годишно на свое име.

Во однос на типот на писмата 49% од испитаниците изјавиле дека тоа се само сметки. 52% од испитаниците рекле дека користат електронска наплата на сметки, 41% од корисниците се изјасниле дека не го намалиле користењето на поштенските услуги заради електронската пошта, додека 57% се изјасниле дека заради електронската пошта помалку користат поштенски услуги.

На прашањето поврзано со цената на писмото кое изнесува од 25 денари 51% од испитаниците се многу или донекаде задоволни, 32% ниту се задоволни ниту се незадоволни. Во однос на доставата 53% од испитаниците сметаат дека е доволно доставата да биде три пати во неделата или секој втор работен ден, а 47% сметаат дека достават треба да биде пет дена во неделата.

Што се однесува за прашањето за деновите 51% од корисниците сметаат дека е во ред доставата на поштенските пратки на домашна адреса во сабота да се врши што е и оправдано сметајќи дека луѓето се дома во споредба со работните денови.

26% од испитаниците нарачуваат пратки преку интернет и примаат до пет пратки годишно во внатрешен поштенски сообраќај, а преку социјалните мрежи 44% нарачуваат до две пратки во месецот за кои 61%плаќаат во готово при прием на пратката.

Во однос на важноста на поштенските услуги за време на пандемија 68% од испитаниците се согласуваат дека поштенските услуги се важна гранка во услови на пандемија, од причина што поштенските услуги се едни од единствените начини на комуникација каде е ограничено движењето.

Истражувањето за задоволството од поштенските услуги кај деловните корисници покажува дека 60% од испитаниците најчесто користат услуги на прием и подигање на писма, сметки, на домашна адреса, 62% за подигање на препорачана пратка, пратка со означена вредност или пакет при посета на поштенска единица.

Генерално деловните корисници се задоволни од поштенските услуги, бидејќи 41% изјавиле дека се донекаде, 23% дека се многу задоволни, 26% се неутрални, додека 8% се донекаде незадоволни, а 2% многу незадоволни. Како основни причини за своето незадоволство ги наведуваат проблемите со доставата дури 83%, како и застарените процедури 61%.

За разлика од физичките лица, кај деловните корисници е повисок процент (43%) на тие кои изјавиле дека се запознаени со постапката за поднесување рекламации кај давателот на на поштенски услуги за изгубени, оштетени поштенски пратки и пречекорување на рокот за достава, а 56% од корисниците немаат поднесено рекламација по одредена поштенска услуга.

31% од деловните испитаници изјавиле дека не нарачуваат преку интернет, ниту преку социјални мрежи, а подеднаков процент од околу 35% услугите ги плаќаат во готово при самиот прием на пратката или електронски со платежна картичка при самото нарачување на пратката. Висок процент од 80% деловните корисници се изјасниле дека користат електронска наплата на сметки, стои во истражувањето.

Тагови
реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Македонија

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Read more

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Read more

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Read more

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Read more
 

Вести

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Читај повеќе

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Читај повеќе

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе