Зошто на Apple му е потребен Samsung?
Без конкуренција, ниту една компанија на пазарот нема да се труди да го извади најдоброто од себе. Како што на Marvel му е потребен DC, на Меси му е потребен Роналдо, така и на Apple му е потребен Samsung.
Во ова прилично кратко видео на YouTube каналот Nerdwriter е добро објаснето точно како Apple, на некој начин, зависи од Samsung.
Видеото вели дека силата на Apple е во тоа што оваа компанија знае да ги искористи деловите кои ги произведуваат другите компании, и знае да ги спои на тој начин на кој ќе произведе најдобар производ кој ќе биде квалитетен и достапен на купувачите.