Зошто се појавуваат линии на ноктите и кога треба да посетите лекар?

Вертикалните линии на ноктите може да укажуваат на недостаток на железо, а понекогаш се знак за артритис. Ако покрај браздите има црвени линии на дното на ноктот, тогаш може да се работи за автоимуна болест.

Линиите на ноктите се појавуваат на повеќе начини. Тие може да бидат вертикални или хоризонтални и може да се формираат на некои или на сите нокти. Причината за нивното појавување често е безопасна и е поврзана со годините, но има ситуации кога е неопходно да се посети лекар.

Вертикални линии на ноктите

„Линиите кои одат од дното на ноктот до врвот се најчестиот облик на набори на ноктите, тие се појавуваат кај околу 20 проценти од возрасните. Во огромното мнозинство на случаи тоа е само знак на стареење“, објасни американскиот дерматолог Ајви Ли.

Таа вели дека нашите нокти главно се состојат од кератин, протеини кои се наоѓаат и во косата и во надворешниот слој на кожата. Ноктите се менуваат со возраста бидејќи телото потешко ја задржува влагата, на ист начин на кој кожата станува посува, а косата почувствителна.

„Доколку видите какви било други промени во вашите нокти, како што се расцепување или промена на бојата, можеби ќе сакате да се консултирате со лекар“, предупредува д-р Ли.

Таа додава дека во ретки случаи, наборите на ноктите може да бидат знак за анемија, ревматоиден артритис или кардиоваскуларни проблеми. На пример, браздата на средината на ноктот може да биде знак за недостаток на хранливи материи, како што се протеини или фолна киселина.

Експертите од клиниката Мајо се согласуваат со докторката, но имајте на ум дека ако има црвени линии на дното на ноктот покрај вертикалните набори, тогаш тоа може да биде лупус - автоимуна болест во која имунолошкиот систем станува хиперактивен и го напаѓа здравото ткиво.

Хоризонтални набори на ноктите

„Овие набори на ноктите се поретки и може да сигнализираат болест или можат да бидат остаток од стара повреда. Овие набори се предизвикани од привременото запирање на растот на ноктите во проксималната матрица на ноктот, најчесто се бенигни и се предизвикани од механичка траума“, објасни д-р Ли.

„Меѓутоа, понекогаш тие укажуваат на заболување на кожата како егзема, псоријаза или хронична паронихија (инфекција на наборите на ноктите што ја прави кожата отечена и црвеникава), затоа не заборавајте да ја прегледате кожата и врвовите на прстите за знаци на црвенило и осип“, додаде таа и истакна дека во овој случај треба да посетите дерматолог.

Таа вели дека овие набори на ноктите може да бидат знак и за други системски проблеми. На пример, тие се појавуваат кога тироидната жлезда работи премногу или премалку, но сепак тоа влијае на хормоните кои го контролираат растот на ноктите, кожата и косата.

Ако овие линии се појавуваат на сите 20 нокти истовремено, тоа може да укаже на инфекција, како што се пневмонија или сифилис, а може да укажува и на проблеми со срцето, црниот дроб или бубрезите.

Д-р Ли ве советува да посетите дерматолог ако, покрај појавата на линии, вашите нокти станале потенки, се листаат, ја смениле бојата или ја смениле формата, пренесува Reader's Digest.

Што може да откријат промените на ноктите?

Промена на бојата

Природната боја на ноктите е розова, но ако нивната површина е бела, тоа може да укажува на сериозни здравствени проблеми - заболување на црниот дроб, срцеви проблеми, откажување на бубрезите или дијабетес. Понекогаш белата боја на ноктите се поврзува со староста. Жолтите нокти кои растат бавно може да укажуваат на болести на респираторниот систем.

Имаат вдлабнатина

Хоризонтално вдлабнување се појавува кога ноктите не растат некое време (при повреда на хроничен бронхитис, а може да се поврзе со отекување на рацете). Но, може да се појави и ако се работи за неконтролиран дијабетес, заболување на периферните крвни садови или ако температурата на телото е многу висока (во случај на пневмонија, шарлах, сипаници и сл.). Таквите линии понекогаш се знак за недостаток на цинк во телото.

Листање

Може да се работи за нарушување на функционирањето на тироидната жлезда, односно нивото на хормоните во организмот не е точно. Понекогаш ноктите се кршливи ако се погодени од габична инфекција или псоријаза. Може да се случи да се појават како реакција на некој козметички производ, некој лек...

Се свиткуваат нанадвор

Кога ноктите се многу меки, нивните рабови се искривуваат нанадвор. Ваквите нокти може да бидат знак за анемија или неправилна функција на црниот дроб предизвикана од хемохроматоза (телото апсорбира премногу железо од храната и неговиот вишок се јавува во телото). Овие типови на нокти понекогаш се поврзуваат со срцеви заболувања и бавно функционирање на тироидната жлезда.

Имаат дупчиња (многу мали вдлабнатини)

Може да сигнализираат за болести на сврзното ткиво, како и за автоимуна болест која предизвикува опаѓање на косата. Луѓето кои страдаат од псоријаза често имаат вакви нокти.

Бели точки

Тоа може да биде предизвикано од плускавци под ноктите или повреди, но и од недостаток на цинк или Б витамини.

Кафеави или црни лини

Ова не треба да се игнорира бидејќи црните линии на ноктите можат да бидат знак за опасен меланом - вид тумор кој ја зафаќа кожата, а раното откривање спасува живот. Понекогаш тие се предупредување дека имате трихиноза, а темните линии може да се појават и како реакција на антибиотик.

Тагови
реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Здравје

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Read more
 

Магазин

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Читај повеќе
  • play_arrow

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Читај повеќе

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Читај повеќе

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе