Пари Сен Жермен и оваа сезона нема да ја освои Лигата на шампионите. Откако минатата сезона беше елиминиран од Реал, оваа сезона германски Баерн беше подобар од францускиот шампион со 3:0.
Така, по којзнае кој пат од доаѓањето на катарските инвеститори се повтори сценариото во кое ПСЖ релативно рано испаѓа од Лигата на шампионите во однос на очекувањата.
Неколкупати жрепката не ги поштеди, неколкупати несреќно беа елиминирани, но со исклучок на она пандемиско финале против Баерн, ПСЖ во ЛШ не само што не се покажа, туку и апсолутно ништо не може да ги оправда бескрајните вложувања во играчи.
Се очекува Нејмар да го напушти клубот на крајот на сезоната, додека останатите две големи ѕвезди Килјан Мбапе и Лионел Меси се очекува да останат.
Француски L'Equipe денеска објави список на фудбалери кои следното лето би можеле да дојдат и да им помогнат на Мбапе и Меси во борбата за титулата европски првак.
Листата ја предводи Бернардо Силва, 28-годишниот Португалец кој на крајот од сезоната ќе го напушти Манчестер Сити. Заедно со него во офанзивниот дел, ПСЖ ги сака и Рајан Черки, 19-годишникот од Лион, и пет години постариот напаѓач на Наполи, Виктор Осимен. ПСЖ го следи и Гонсало Рамос, 21-годишниот напаѓач на Бенфика. Според Transfermarkt, четворицата вредат повеќе од 200 милиони евра, а најмногу Силва (80 милиони) и Осимен (70).
Заедно со Милан Шкринјар, кој ќе дојде како слободен играч од Интер, ПСЖ сака да ја засили одбраната и со Пау Торес, 26-годишниот дефанзивец на Виљареал. Желбите за средниот ред ги вклучуваат Ману Коне, 21-годишен од Борусија Менхенгладбах и 25-годишниот играч од средниот ред на ПСВ, Ибрахим Сангаре.