10 Фудбалери кои станаа успешни тренери на своите клубови
Играчката кариера може од еден фудбалер да направи икона на клубот, но освојувањето на трофеј како тренер со истиот клуб веднаш го прави истиот тој фудбалер легенда на клубот. Таков е случајот со овие десет тренери, кои успешно го менаџираа клубот (или репрезентацијата) за кој настапуваа во играчките денови.
Во последните неколку години гледаме дека многу фудбалери решаваат да продолжат да се занимаваат со фудбал и по крај на играчката кариера. Таков е случајот со Стивен Џерард, Френк Лампард, како и поранешниот капитен на македонската репрезентација, Гоце Седлоски. Секој од нив има различно искуство, но чувството кое го дава освојувањето на титула со омилениот клуб сигурно е непроценливо.