10 работи кои родителите треба да им ги кажуваат на децата секој ден

Да се биде родител е најголемата одговорност во животот. Децата најчесто учат од родителите, а родителите се тие кои им пренесуваат важни животни лекции кои еден ден добро ќе им дојдат во животот.

Децата се невини, несебични и чувствителни, потребно е да им посветите многу внимание и љубов, а најголем успех за родителите е кога децата ќе израснат во среќни и успешни луѓе.

Постојат некои работи за кои психолозите тврдат дека родителите треба да им ги кажуваат на децата секој ден, за да израснат во среќни и задоволни индивидуи, пишува Life Hack.

1. Те сакам

Вашето дете има потреба да знае дека е сакано, а тоа тешко ќе го заклучи од гледање на вашите постапки или вашиот однос кон него. Овие два збора им значат многу на децата, не пропуштајте ден без да им кажете дека ги сакате.

2. Како ти помина денот?

Важно е како родител постојано да покажувате интерес за настаните кои му се случуваат на вашето дете, без разлика дали станува збор за градинка, училиште или викенд минат со баба и дедо. Една сосема едноставна реченица ќе му помогне на вашето дете да сфати колку се грижите за него и колку ве интересира за тоа што го прави.

Воедно, ова е и добар повод за разговор за нешто што го развеселило или натажило тој ден.

3. Те молам

Ако сакате вашето дете да има добри манири, научете го да вели „те молам“, „може ли“ пред да постави некое барање.

4. Благодарам и извини

Како што барате од децата да кажуваат благодарам и извини, така и вие како родители треба да бидете подготвени секојдневно да ги изговарате овие зборови. Вие сте првиот пример на вашите деца.

5. Никогаш не се откажувај

Детето од мало треба да го научите да се соочува со секојдневните предизвици. Нормално е дека, како и секој човек, повремено ќе наиде на тешки ситуации во животот, но ваша задача е да го научите никогаш да не се откажува, советуваат експертите.

6. Испрати ми порака кога ќе стигнеш

Кога ќе станете родители дури тогаш сфаќате што значи постојано да се грижите за  некого, константно да сте загрижени за некој друг. Особено сте загрижени за безбедноста на детето кога вие не сте покрај него. Затоа оваа реченица е една од најчестите што родителите ги изговараат.

7. Твој избор е

Како што расте детето, со текот на времето мора да го научите самостојно да носи одлуки, но и да преземе одговорност за личните постапки. Тоа ќе му помогне во изградба на самодовербата, а исто така ќе знае да ја цени слободата за избор што му ја давате. Ќе се увери дека имате доверба во  него, што е многу важно за односот меѓу децата и родителите.

8. Како се твоите другарчиња?

Децата многу сакаат дружење со други деца, а дружбата почнува уште од градинка. Секогаш трудете се да ги запознаете нивните другарчиња, ако е тоа можно. Секогаш трудете се да ги запомнете нивните имиња и тоа што ги интересира. Вашето дете може да стекне добри, но и лоши навики од децата со кои најмногу се дружи.

9. Не фрлај храна

Ваша задача како родител е да го насочите детето да јаде и храна која можеби не му е баш омилена, но е важна за неговото здравје. Особено треба да го научите детето дека никако не смее да фрла храна, а ако веќе дојде до тоа потребно е да се постават јасни граници.

10. Секогаш можеш да ми кажеш што те мачи

Учете го детето дека смее да ви каже сè што му се случува, дури и кога знае дека ќе се налутите на него поради тоа. Добар однос меѓу вас не може да постои ако нема заемна доверба.

Бидете му и пријател на детето, а не само родител и ќе видите колку тоа ќе влијае на квалитетот на вашиот однос.

 

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Живот

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Како да станете поодговорни со вашите пари?

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more
 

Магазин

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Читај повеќе

Време е да научите како паметно да се расправате во врската

Читај повеќе

Дали не смеете да јадете црвено месо?

Читај повеќе
  • filter

Фараоновото проклетство: Дали прерано ќе умре оној кој ќе ја отвори гробницата?

Читај повеќе

Зошто не е добра идеја да пиете кафе после јадење?

Читај повеќе

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Читај повеќе

Како да станете поодговорни со вашите пари?

Читај повеќе

Несоницата предизвикува мозочни и срцеви удари

Читај повеќе

Што е сексомнија?

Читај повеќе