Натпреварувачката комисија во Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) донесе одлука за откажување на бараж натпреварите за пополнување на Втората лига група Запад.
Одлуката е донесена откако резултатите од тестирањето за коронавирус потврдија дека вкупно 13 фудбалери од екипите на ФК Беса од Добри Дол и ФК Фортуна од Скопје се позитивни на COVID-19.
Според пропозициите за натпреварување, жрепка ќе одлучи која од трите екипи, Беса, Фортуна и Велешта ќе обезбеди место во 2.МФЛ Запад за натпреварувачката сезона 2020/21.
Откако ќе бидат добиени резултатите од тестирањето за коронавирус на екипите на Росоман83 и виничка Слога, Натпреварувачката комисија ќе одлучува во однос на одигрувањето на натпреварот за пополнување на 2.МФЛ Исток, велат од ФФМ.