15 генијални трикови со влажни марамчиња

Добро е да ги имате при рака дома, во вашата чанта, во вашиот автомобил. Влажните марамчиња се одлични за отстранување дамки од мебелот и ѕидовите, за бришење прашина, измет од птици од шофершајбната, но и за чистење на мобилни телефони.

Еве 15 неочекувани начини на кои можете да користите влажните марамчиња.

1. Отстранување на шминка

Кога ќе ви снема лосион, масло или мицеларна вода, влажните марамчиња ќе ја отстранат и најтврдоглавата шминка. Ако имате бебешки марамчиња, уште подобро, тие се уште понежни за кожата и често се обложени со мека фолија и дополнителни витамини.

2. За бушава коса

Ако морате да одите некаде и да изгледате совршено, или едноставно мразите бушава коса, влажните марамчиња ќе ви помогнат. Само нежно поминете ги преку косата и таа ќе се смири и ќе падне. Внимавајте да не претерате за да не добиете залепен изглед на косата.

3. Чистење на дамки

Од облека, мебел или теписи - ечиси и да нема дамка што овие марамчиња нема да ги исчистат.

4. Бришење прашина

Можете да ставите влажни марамчиња на крпата за бришење за да ви биде полесно. Така, ќе решите неколку работи одеднаш, и прашина и постоечки дамки.

5. Виткање на коса

Ако немате фигаро или папилотни, замотајте влажно марамче околу праменче и врзете го. Оставете така преку ноќ и ќе добиете убави локни.

6. Чкртаници од боички

Влажните марамчиња одлично ќе ја отстранат мрсната боја од ѕидот, но оние „поприродните“ влажни марамчиња нема да го направат тоа. За ова сепак се потребни хемикалии.

7. Чевли

Брзо ќе ја исчистат целата нечистотија од чевлите и ќе ги направат сјајни.

8. Дамки од дезодоранси

Нежно тријте ја дамката со марамче додека не се исчисти. За потешки дамки, прво исчистете со влажно марамче, а потоа ставете во машина за перење.

9. Контролна табла на автомобил и волан

Добро е да ги чувате во автомобилот особено доколку јадете во него за да можете веднаш да ги исчистите сите дамки. Одлични се и за чистење на стврднатиот птичји измет.

10. Чистење маси во ресторани за брза храна

Ако имате мали деца, ова ќе ви биде од голема помош бидејќи сакате да ги заштитите од можни инфекции, а поради големата фреквенција на луѓе, вработените често немаат време да ги чистат масите пред да пристигнат нови гости.

11. Чистење на вештачки цвеќиња

Тие се вистински собирач на прашина, а овие марамчиња можат да ви го олеснат брзото чистење.

12. Дамки од боја

Ако ги фарбате ѕидовите и бојата капе ваму-таму на паркетот, овие марамчиња совршено ќе ги исчистат.

13. Влакна од милениче

Едноставно поминете со марамче преку миленичето и ќе соберете влакна.

14. Отстранување боја за коса од лице

Откако ќе ја бојадисате косата, бојата често останува на челото или на ушите. Влажните марамчиња ќе го средат тоа за час.

15. Мобилни, лаптопи и таблети

Можете да ги користите за лесно и брзо бришење нечистотија и прашина од мобилните телефони, лаптопи и таблети.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Живот

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како сами да направите антицелулитно масло?

Read more

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more
 

Магазин

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Читај повеќе

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Читај повеќе
  • play_arrow

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Стегнете се до лето: Брз тренинг за затегнати раце

Читај повеќе