17-годишен дебитант влезе од клупа и ѝ донесе победа на Барса против Билбао

Барселона го победи Атлетик Билбао со 1:0 во 9. коло од Ла Лига и го искористи ремито на Реал со Севиља и се доближи на само бод заостанување.

Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше 17-годишниот Марк Гуиу во 80. минута, само 23 секунди по влегувањето во игра.

Барселона имаше две одлични шанси во првото полувреме, но најпрвин Жоао Феликс во 10. минута, а четири минути подоцна Унаи Симон фантастично одбрани од Фермин Лопес. На другата страна Тер Штеген му одбрани одлични можности на Инаки Вилијамс во 21. и 44. минута.

Домашните требаше да поведат во 58. минута кога Унаи Симон најпрвин со неверојатни интервенции го одбрани ударот на Феликс, а потоа чист шут за Лопес кој налета на одбиената топка и за малку ќе погодеше во празен гол.

Во 64. минута Јамал имаше одлична прилика крај голот, а во 75. Унаи Симон го спаси ударот од корнер на Жоао Кансело. И кога се чинеше дека гостите ќе спасат бод, 17-годишниот Марк Гуиу ја реши играта. Тој влезе од клупата во 79. минута и само 23 секунди подоцна постигна одличен гол на асистенција на Жоао Феликс.

URL

Тоа беше деби за Барселона за младиот играч, а тој стана играчот кој го постигна најбрзиот гол на дебитант во историјата на шпанската лига.

Барселона следниот викенд има големо дерби со Реал на домашен терен, а победа на тој натпревар може да ја однесе на првото место.

реклама

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Фудбал

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Read more

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Read more

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Read more

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Кајрен Вилсон за прв пат во кариерата стана светски шампион во снукер

Читај повеќе

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Читај повеќе

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе
  • play_arrow

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Читај повеќе

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Читај повеќе
  • play_arrow

Норис во солзи ја прослави првата победа во кариерата оставајќи го Верстапен зад себе

Читај повеќе

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе