37°C измерени во Демир Капија, од утре натпросечни температури

Скопје, 22 јуни 2021 (МИА) – Температурата на воздухот денеска во Демир Капија се искачи на 37 степени Целзиусови, а во Тетово, Струмица, Скопје, кај Зајчев Рид и во Гевгелија се регистрирани 36 степени Целзиусови.

Според мерењата на УХМР, во Штип и Битола максималната температура била 35, во Прилеп и Виница – 34, Маврови Анови, Охрид и Претор – 32, Крива Паланка – 31, Берово – 30, Крушево -28 и 26 во Лазарополе.

УХМР најавува дека до крајот на денот и на почетокот на вечерта на североисток и исток ќе има изолирана нестабилност со пороен дожд, засилен ветер, грмежи и услови за појава на град. Во ноќните часови ќе настапи стабилизирање на времето.

Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 32 до 40 степени. УВ индексот ќе изнесува 9. Во Скопје, сончево и многу топло со мала облачност и со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 39 степени.

-Во следните денови под влијание на топла воздушна маса од југ времето ќе биде многу топло со натпросечни температури за овој период од годината. На повеќе места температурите ќе бидат над 35 степени, а најтопло ќе биде во четврток и петок кога на места и особено на југоистокот ќе го надминуваат и 40-тиот степен, најавува УХМР.

реклама

Македонија

Мојсоска: На 8 мај младите ќе стават крај на истрошените елити кои немаат што да понудат

Read more

Без струја дел од корисниците на Волково и Кучково

Read more

Променливо облачно, попладне дожд

Read more

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Read more
 

Вести

Мојсоска: На 8 мај младите ќе стават крај на истрошените елити кои немаат што да понудат

Читај повеќе

Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили

Читај повеќе

Без струја дел од корисниците на Волково и Кучково

Читај повеќе

Променливо облачно, попладне дожд

Читај повеќе

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Читај повеќе

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Читај повеќе

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Читај повеќе

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Читај повеќе

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Читај повеќе