6 сигурни знаци дека си го губите времето во врска со погрешна личност

Дали мислите дека ако само бидете трпеливи и имате малку повеќе разбирање, вашата врска ќе ги издржи сите предизвици и ќе останете заедно до крајот на животот?  Одговорете на овие 6 прашања кои ви ги отвораат очите.

Не е ретко (за жал) луѓето да имаат илузија дека се во врска која бара да се трудат, бидејќи ако само се трпеливи, толерантни, имаат разбирање за несигурноста на партнерот или јасни знаци на непочитување, „љубовта ќе победи“ и ќе останат заедно до крајот на животот.

Сепак, има знаци кои недвосмислено покажуваат дека другиот во врската (повеќе) ги нема истите чувства...

Зошто се согласуваме на ваков однос и живот во лага? Или не знаеме како треба да изгледа здрава врска или се плашиме од осаменост, но она што е сигурно е дека не разбираме кога е време да „кренеме раце“ и да продолжиме понатаму.

Доколку се пронајдовте во овој опис, треба да знаете дека се лажете себеси. Одговорете на овие прашања и ќе ви се отворат очите!

Дали ги споделувате вашите најинтимни тајни?

Комуникацијата е клучот за здрава врска. Ако никогаш не успеавте да си ја отворите душата еден на друг и да го кажете она што не би го споделиле со ниту една друга личност, тоа значи дека имате проблем. Знакот на вистинска и искрена врска е само кога имате посебна врска со саканата личност.

Дали се обидувате да изгледате среќно пред другите?

Дали повеќе се трудите да изгледате среќно во очите на другите отколку да ги решите проблемите што ги имате во вашата врска? Причините се очигледни: или не сакате вашето семејство и пријателите да дознаат дека работите меѓу вас не одат баш најдобро, или се срамите да им кажете каква е навистина ситуацијата. Емоционалниот неуспех не треба да ве засрами пред другите, туку да ве мотивира да ги решите вашите недоразбирања.

Дали ви заигрува срцето кога размислувате за минатото?

Што чувствувате кога размислувате за партнерот/партнерката или за заедничкото минато? Дали срцето ви заигрува? Дали ви се појавува насмевка на лицето? Ако одговоривте „не“, тогаш очигледно е дека не ве обврзува ништо посебно. Не треба да продолжите со врска во која повеќе не гледате ништо убаво и посебно, туку само рутинска, секојдневна баналност...

Дали постојано се чувствувате збунето?

Нормално е да се чувствувате така на почетокот на вашата врска, кога сè уште не се познавате и немате храброст да зборувате за сè што е во вашето срце. Но, работите треба да станат прилично јасни по некое време. Ако и по неколку месеци врска сè уште се прашувате што чувствува другиот, треба да размислите дали навистина е човекот со кој сакате да го поминете остатокот од животот.

Дали планирате заедничка иднина?

Лажна врска е онаа во која едниот или двајцата партнери не веруваат вистински. Плановите за иднината се целосно отсутни, а врската се заснова само на надежта дека ќе преживеете и покрај неволјите и ќе останете заедно во иднина.

Дали мешате страст и љубов?

Само затоа што се согласувате во кревет не значи дека сè оди одлично меѓу вас. За жал, магичните работи започнуваат во креветот и завршуваат таму, па не можете да кажете дека уживате во врска за која навистина вреди да се борите во иднина. Уживајте во овие интимни моменти, но имајте на ум дека во одреден момент треба да ја прекинете врската доколку недостасуваат сите други клучни елементи.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Љубов и секс

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Read more

Време е да научите како паметно да се расправате во врската

Read more

Навики што можат да предизвикаат големи проблеми во бракот

Read more

Една од 5 жени е незадоволна од нејзиниот сексуален живот

Read more
 

Магазин

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Читај повеќе
  • play_arrow

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Читај повеќе

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Читај повеќе

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе