НА ДЕНЕШЕН ДЕН

8 март 1975, почнало одбележувањето на Меѓународниот ден на жената

Меѓународен ден на жената — светски празник што се одбележува на секоја година на 8 март. Тоа е ден кога се одбележува борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност со мажите.

Идејата за одбележување на посебен ден посветен на жените потекнува од почетокот на 20-от век, а на неа посебно инсистираше социјалистичкото движење. Првиот Ден на жената е одбележан на 28 февруари 1909 година во САД по иницијатива на Социјалистичката партија на Америка.

Во 1910 година под закрила на Втората интернационала во Копенхаген е одржана Првата меѓународна конференција на жените и на неа е одлучено да се прославува Меѓународен ден на жената, но без да биде утврден точен датум.

Следната година, на 19 март 1911, овој празник по прв пат е прославен од страна на повеќе од милион луѓе во Австрија, Данска, Германија и Швајцарија.

На 8 март 1913 година жените ширум Европа одржуваат мировни собири.

По победата на болшевиците во Русија, а по иницијатива на Александра Колонтај, 8 март за првпат е прогласен за државен празник.

На запад, во 20-тите години на 20-тиот век одбележувањето на 8 Март полека замре, а оживеа во 60-тите заедно со растежот на феминизмот.

Сепак, во ниту една западна земја 8 март не е прогласен за државен празник. Со одлука на Обединетите нации од 1975 година, 8 Март беше прогласен за Меѓународен ден на жената.

Македонија е една од ретките земји во кои се празнува Меѓународниот ден на жената. Денес, 8 Март е државен празник само во малку земји како Русија, Белорусија, Молдавија, Украина, Ерменија, Монголија, Узбекистан, Виетнам, Кина.

Јас сум генерацијата за еднаквост: Остварување на правата на жените

Обединетите нации под мотото „Јас сум генерацијата за еднаквост: Остварување на правата на жените“ годинава го одбележува 8 март – Меѓународниот ден на жената.

Годинава се навршуваат и 25 години од потпишувањето Декларацијата во Пекинг и платформата за акција, што е прогресивен патоказ за родова еднаквост.

ОН покрена и кампања „Генерација еднаквост: Остварување на женските права за еднаква иднина“, со цел да се стави крај на родовото насилство, а се бара и економска правда и права за сите, телесна автономија, сексуално и репродуктивно здравје и права, феминистичка акција за климатска правдам, како и технологија и иновација за родова еднаквост и феминистичко лидерство.

Извршната директорка на ОН Жени, Фумзиле Мламбо-Нгцука по повод 8 март ја истакна 2020 како година за родова еднаквост и упати апел за справување со постоечките бариери за родовата еднаквост.

– Во моментов немаме еднаков свет и жените се лути и се загрижени за иднината. Тие се радикално нетрпеливи за промени. Нетрпеливост со години се зголемува и е длабока, истакна Мламбо-Нгцука.

Таа потенцира дека ниту една земја во светот нема постигнато родова еднаквост. И покрај сите напори и денес една од 10 млади жени не знае да чита и пишува.

– Ова мора да се промени со цел девојчињата во целост да ја поседуваат својата моќ, да го заземат своето место во светот и да ја играат својата витална улога во технологијата и иновациите, наведе Мламбо-Нгцука.

Таа како втора приоритетна цел ја посочува поголемата вклученост на жените во политиката и во бизнисот. И денес 75 проценти од сите парламентарци во светот се мажи, затоа предлага воведување на правно обврзувачки квоти за претставување на жените.

– Речиси 80 земји веќе успешно го спроведо тоа, а неколку држави имаат Влади со рамнотежа меѓу половите и експлицитно феминистичка политика. Ова е пожелен тренд што треба да го видиме и во јавниот и приватниот сектор, каде што вкупниот процент на жени на раководни позиции останува околу 27 отсто, иако е поголем бројот на дипломирани жени, истакна Мламбо-Нгцука.

Таа потенцира дека најголемата промена треба да се случи во економската нееднаквост, што е причина за сиромаштијата. Младите жени кои одгледуваат семејства имаат 25 проценти поголема веројатност од мажите да живеат во екстремна сиромаштија.

– Решението вклучува добри политики кои промовираат поголема еднаквост во одговорностите за грижа за децата и кои обезбедуваат државна поддршка на семејствата и оние кои работат во неформалната економија, наведе Мламбо-Нгцука.

Таа како позитивни промени ги истакна регистрираниот пад од 2000 година за 38 отсто на смтртноста на мајките. Потоа, во 131 држава преземени се правни реформи за поддршка на родовата еднаквост и за решавање на дискриминацијата. Во над 75 проценти од земјите се усвоени закони против семејно насилство.

– Значи, иако сме радикално нетрпеливи, не се откажуваме и се надеваме. Имаме поголема поддршка од сојузниците и партнерите, кои се подготвени да се справат со бариерите за родовата еднаквост. Гледаме волја за промени на генерациите и земјите. Ние наоѓаме прашања што не обединуваат и кои нудат можности за надминување на статус кво. Научените лекции во последните 25 години ни покажаа што е потребно за да се забрза акцијата за еднаквост. Еднаквоста на генерациите е еден од нашите одговори и заедно, ние сме таа генерација, истакна Мламбо-Нгцука во пораката за 8 Март.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Свет

Извршен е првиот тест на американскиот футуристички подводен дрон

Read more

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Read more

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Извршен е првиот тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Силјановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе