Свет

Ајфеловата кула евакуирана поради маж кој се искачува по нејзината конструкција

20. мај 2019 - 17:11 | К.З.

Најголемата туристичка атракција во Париз е затворена и евакуирана поради мерки на претпазливост, откако на нејзината конструкција беше забележан човек кој се обидува да се искачи до врвот.

Припадниците на полициските сили пристигнаа на местото на настанот, придружени со противпожарни единици, но човекот и понатаму продолжи да ја искачува надворешната конструкција на Ајфеловата кула.

Според она што можеме да го прочитаме на социјалните мрежи, полицијата веќе се обидела да разговара со човекот, чии намери и понатаму остануваат нејасни. Во моментот кога мажот за првпат беше забележан како се искачува, тој се наоѓаше на висина од 149 метри, од вкупните 324, колку што е висока кулата.

Просторот околу Ајфеловата кула е блокиран и осигуран од огромен број полицајци. Властите ги советуваат граѓаните да ги одложат нивните посети на Ајфеловата кула, барем додека ситуацијата не биде ставена под контрола.

Коментирај