Вработените во Ајфеловата кула во Париз денеска ги напуштија работните места во знак на протест поради неодржувањето на оваа светски позната туристичка атракција која годишно ја посетуваат седум милиони туристи, но денеска нема да можат да го посетат обележјето и ќе бидат лишени на погледот од врвот на кулата на „Градот на светлината“.
Вработените тврдат дека Ајфеловата кула е запоставена и дека мора подобро да се менаџира, а приходот е преценет, а трошоците за одржување се потценети, ги пренесува нивните зборови Le Parisien.
Ајфеловата кула обично треба да се бојадисува еднаш на секои седум години, но таа не била бојадисана со нов слој цели 14 години и почнала да рѓосува, изјави синдикалниот претставник Денис Вавасори за France Info.
„Очигледно е дека кулата е во лоша состојба“, вели Вавасори, а дури и вработените кои работат во компанијата за управување и одржување и „Железната дама“ веќе 30 години тврдат дека никогаш не ја виделе во полоша состојба.
Кулата, која се наоѓа во близина на Сена, била изградена за светската изложба во Париз во 1889 година. Името го добила по Густав Ајфел, францускиот инженер чија компанија ја проектирала кулата.