Ахмети: Предвремени парламентарни избори не се во интерес ниту на државата, ниту на партнерството

Предвремени парламентарни избори не се во интерес ниту на државата, ниту на партнерството. Не е дискутирано и не се размислува за реконструкција на Владата, изјави денеска претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети.

– Што се однесува до предвремените избори сметам дека се организираат во случаи на кризи, нефункционирање на Парламентот, блокирање на институциите, такво нешто нема и ниту во иднина мислам дека нема да има, бидејќи не се во интерес ниту на државата, а ниту и на партнерството во овој солучај, рече Ахмети во одговор на новинарско прашање, на свечената академија по повод независноста на Република Косово.

Ахмети истакна дека парламентарното мнозинство функционира во рамките на нормалноста и оти не се разговара за реконструкција на Владата.

– Најпрвин, парламентарното мнозинство  функционира во рамки на нормалноста. Воопшто нема судири или разлики меѓу коалицициските партнери. Секако дека има разлики за одредени теми, но добрата работа е што на крајот за сите прашања се постигнува консензус. Нема никаква потешкотија  во функционирањето на оваа партнерство, коалиција и воопшто не се размислува и нема никаква причина за ново парламентарно мнозинство. Сѐ си функционира во рамките на нормалноста. Не е дискутирано и не се размислува за реконструкција на Владата, рече тој на новинарско прашање.

Околу тоа дали се очекува кадровски промени внатре во ДУИ до владиниот кабинет, Ахмети рече дека тој е личност што ја поддржува слободната мисла и на крајот за сѐ одлучува мнозинството на органите на партијата, со консензус или со мнозинство на партиските органи.

реклама

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Македонија

Доаѓа нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Read more

Мицкоски: Да излеземе да гласаме, за да не можат да нѐ уценуваат никогаш повеќе

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Read more
 

Вести

Претепани политичари во Германија, граѓаните излегоа на улица

Читај повеќе

Русија најави вежби за тактичко нуклеарно оружје: Одговараме на провокациите

Читај повеќе

Тешка сообраќајка кај Влае – има повредени, едното возило преполовено

Читај повеќе

Студентски протести за Газа почнаа во Белгија и Холандија

Читај повеќе
  • play_arrow

Што да очекуваме по денешната инаугурација на Путин?

Читај повеќе

Италија: Лани лично го предупредивме Зеленски, контраофанзивата беше грешка

Читај повеќе

Цените на нафтата се задржаа над 83 долари

Читај повеќе

Доаѓа нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Мицкоски: Да излеземе да гласаме, за да не можат да нѐ уценуваат никогаш повеќе

Читај повеќе