Ако има избори на 5 јули, денеска стартува изборната кампања

По завршувањето на вонредната состојба, според законската регулатива, треба да бидат продолжени изборните дејствија за предвремените парламентарни избори. Ако изборите се одржат на 5 јули, согласно роковите, денеска треба да почне изборната кампања, односно 20 дена пред денот на гласањето.

Владата веќе им даде насоки на надлежните институции за продолжување на изборниот процес, кој беше прекинат поради корона-кризата и прогласувањето на вонредната состојба. Сите владини насоки предвидуваат подготовки за избори на 5 јули.

Владејачката СДСМ и опозициската ВМРО-ДПМНЕ и покрај средбите на партиските лидери, сѐ уште не можат да се усогласат за изборниот датум.

За СДСМ, прифатливи термини се 5 или 8, а ВМРО-ДПМНЕ инсистира на 15 јули. Двете страни засега остануваат на своите позиции. Власта вели дека избори мора да има што поскоро заради враќање на институциите во полн капацитет и легитимитет и за подобро справување со здравствената и економската криза предизвикана од COVID-19. Опозицијата, пак, кажа дека нема учествува на избори на 5 или на 8 јули и предупредува на можна политичка криза.

Претседателот на државата Стево Пендаровски во обид да се усогласат ставовите организираше неколку лидерски средби, кои завршија без договор. Пендаровски во петокот во обраќањето до јавноста повика на меѓупартиски консензус за изборите. Порача дека е можно и ново продолжување на вонредната состојба, но само ако има договор меѓу партиите за датумот за избори.

Политичките партии најавија дека кампањата за овие избори ќе биде поразлична поради корона-кризата и ќе се одвива без митинзи, туку преку медиумите и социјалните мрежи. Досега, само Коалицијата Алијанса за Албанците – Алтернатива соопштија дека од денеска и официјално ја стартуваат кампањата за предвремените парламентарни избори на 5 јули.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Македонија

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Read more

Силјановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Read more

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Read more
 

Вести

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Силјановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе