Ако нема нова вонредна состојба, избори на 5 јули

Иако Владата формално сѐ уште не се изјаснила дали е потребна нова вонредна состојба, според изјавите на преставници на власта извесно е дека ново продолжување ќе нема. Тие тврдат дека е исцрпена потребата од нова вонредна состојба и оти фокусот сега треба да се стави на продолжување на изборните дејствија, според уставните и законските рокови, и одржување на предвремените парламентарни избори на 5 јули.

Лидерот на СДСМ Зоран Заев вели дека вонредната сосотојба досега се носела заради економските мерки за помош на граѓаните и стопанството. Владата, потенцира, не гледа потреба да носи четврти пакет на економски мерки затоа што до есен ќе се реализира третиот пакет на економски мерки кој е веќе донесен.

– Нема никакви причини Владата да бара нова вонредна состојба. Нема ни основ како да ја оправда. Затоа роковите за избори остануваат онака како што е законски и уставно пропишано, а тоа е 22 дена од завршување на вонредната состојба, односно на 5 јули, вели Заев. Вонредната состојба, како што посочува, нема врска со рестриктивните мерки поврзани со здравствените последици од коронавирусот.

И министерка за одбрана и потпретседател на СДСМ, Радмила Шекеринска, смета дека вонредната состојба не може да се продолжува во недоглед зашто земјава не може да функционира без Парламент и треба да биде избрана влада со целосен политички легитимитет.

– Ниту една демократска држава не може да си дозволи олку долго да функционира без Собрание. Прашањето за датумот за одржување на изборите не е прашање на политички желби или предмет на консензус на политички партии, туку тоа е уредено во Уставот и законите, рече вчера Шекеринска.

Артан Груби од ДУИ изјави дека неговата партија останува на одлуката изборите да се одржат во јули, изразувајќи уверување дека сите партии ќе учествуваат на изборите.

– Јас сум убеден дека било кој термин да го определиме за одржување на избори, сите партии ќе учествуваат, зашто не може да си го дозволат луксузот да не учествуваат на избори кои се признаени од сите институции и од меѓународната заедница и со мониторинг на ОБСЕ/ОДИХР, рече Груби. Тој смета дека можни се промени на Изборниот законик, со што би можело да се гласа неколку дена – еден ден би гласале пензионерите, вториот ден тие што се во изолација, а останатите во третиот ден.

Во врска со тоа дали опозицијата ќе учествува на изборите, ставот на ДУИ е дека бојкотот не донел успех на ниту една политичка партија, не сакаат да се мешаат во одлуките на другите партии, но посочуваат дека досега не го слушнале зборот бојкот од опозицијата.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ, пак, смета дека не треба да се брза и дека е несоодветно воопшто да се размислува за избори во ситуација кога имаме по повеќе од 100 заразени дневно и по неколкумина починати. Велат дека клучен фактор за одредување на датумот за избори е здравствената состојба со короната.

Вонредната состојба, четврта по ред, што ја прогласи претседателот Стево Пендаровски, истекува в сабота на 14 јуни. Дотогаш се очекува Владата да донесе став дали ќе побара продолжување, од што зависи и терминот за одржување на предвремените парламентарни избори. Во меѓувреме, Владата донесе Уредба со законска сила со која им даде насоки на надлежните државни органи за продолжување на изборните дејствија и за подготовка на изборите.

Засега нема најава дали и кога би се одржала седница на Советот за безбедност на која би се разгледувало прашањето за вонредната состојба, а нема ниту иницијатива за нова лидерска средба на која политичките партии би се усогласиле за терминот за изборно соочување.

По прогласувањето на последната вонредна состојба на 30 мај, претседателот Пендаровски изјави дека, според неговите сознанија, пред да се случат новите трендови поврзани со пандемијата политичките партии биле блиску до договор за датум за избори, но оти поради развојот на ситуацијата и порастот на бројот на заболени и починати, разговорите се прекинати.

Оттогаш, никој официјално не потврди дали разговорите за усогласување на датумот за избори продолжиле или не.

За изборите и за состојбата со COVID-19, синоќа со лидерите на СДСМ Зоран Заев и на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски телефонски разговарал еврокомесарот за проширување и соседска политика, Оливер Вархеји.

Вархеји на Twitter напиша дека ја истакнал важноста од слободни, фер и инклузивни избори во Северна Македонија, водејќи сметка за состојбата со COVID-19 и за потребата од економско закрепнување.

URL

Освен објаваниот кус твит, Вархеји не открива повеќе детали од разговорите со Заев и Мицкоски.

Шефот на државата, почнувајќи од 18 март досега донесе три одлуки за прогласување вонредна состојба. Првите две во времетраење од по 30 дена, а последната од 14 дена.

Тагови
реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Македонија

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Read more

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Read more

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Read more

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Read more
 

Вести

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Читај повеќе

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Читај повеќе

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Читај повеќе

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Читај повеќе

Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ

Читај повеќе

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Читај повеќе

Силјановска-Давкова: Посебно ми беше убаво кога видов дека сме победиле и во Муртино

Читај повеќе
  • play_arrow

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Читај повеќе

Меѓународниот ден на трудот ќе се одбележи со првомајски протест и низа барања до новата влада

Читај повеќе