Ако нешто не е во согласност со Уставот, постои Уставен суд, рече Заев прашан за двојазичноста

Премиерот Зоран Заев смета дека нема недостатоци во Законот за јазиците и по ветото од претседателот Ѓорге Иванов. Заев денес во Струга, одговарајќи на новинарски прашања рече дека треба да имаме доверба во системот и нагласи дека решенијата во Законот апсолутно не се фалични, како што ги нарече претседателот Иванов.

„Се што е донесено во рамките на законот за унапредување на јазиците е согласно амандманот 5 од Уставот на Република Македонија. Јас уште еднаш ја испраќам пораката дека е вредно да се заложиме за едно општество за сите. Ова е наша мајка Македонија, на сите граѓани, без разлика на нашата етничка, религиска, па дури и политичка определба. Треба да подадеме рака, да имаме доверба во институциите на системот. Се надевам дека ако нешто не е буквално во согласност со Уставот, постои Уставен суд, Венецијанската комисија ќе го каже своето мислење, но и да внимаваме сите со пораките, поради тоа што навистина треба и ова политичко прашање конечно да спласне, да се посветиме на подобар живот и подобри перспективи за сите граѓани“, рече премиерот.

Претседателот Иванов вчера изјави дека поради недостаток на време и волја се нудат фалични решенија за правосудниот систем и за системот за национална безбедност, се носат решенија кои се контрапродуктивни кои наместо соживот носат поделби.

Во средата претседателот Иванов одлучи да не го потпише указот за прогласување на Законот за употреба на јазиците и го нарече репресивен и противуставен.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Македонија

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Read more

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Read more

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Read more

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе